Дали пеперутките во стомакот ви влијаат и на видот и на слухот?

Пред да се одлучите дали вашата врска е сериозна, проверете дали знаете некои работи за вашиот партнер. Во првите неколку месеци, поради пеперутките во стомакот и нервозата пред да се видите со него или неа, баш и не размислувате за одредени работи. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи може да се случи после неколку месеци да сфатите дека всушност ништо не знаете за нив. Еве ги прашањата на кои треба да им ги знаете одговорите:

dali-peperutkite-vo-stomakot-vlijaat-na-vashiot-sluh-kafepauza.mk

Во каков однос се со нивното семејство? Ова може да биде голем показател за нивната личност.

Што им е важно? Ако за исти работи имате различни вреднувања, вашата врска нема многу големи шанси за успех.

Дали сте сексуално компатибилни? Бидете сигурни дека и двајцата можете да си ги задоволите сексуалните желби и потреби.

Дали имаат пријатели, и какви се? Изреката „Со кој си, таков си“ не е залудно кажана. Ако тие немаат пријатели, тоа може да биде голем показател за себичност.

Дали бившите им се целосно тргнати од од нивниот живот? Ако не, запрашајте се зошто сѐ уште се слушаат.

Дали сакаат да имаат деца? Никој не ви вели да почнете да смислувате имиња за бебињата, но ако вашите планови на таа тема се разликуваат, тешко дека некој од вас ќе го промени мислењето.

Какви се нивните намери? Не сметаат сите дека целта на сериозната врска се брак и семејство, а посебна приказна е што тие подразбираат под сериозна врска.

Какви се нивните ставови кон финансиите? Факт е дека ова е една од најчестите причини за раскинување, па немојте да го занемарите. Многу е важно дали преферираат заеднички или посебни сметки и дали вие се сложувате со тоа.

Како се однесуваат во стресни ситуации? Дали паничат, стануваат себични или ја преземаат контролата и ви влеваат сигурност – ова се важни показатели за нивната личност.

Како ги решаваат проблемите? Дали после расправија сакаат да разговарате или се однесуваат како мали деца. Искрениот разговор, разменувањето на мислења и подготвеноста за компромис се многу важни предуслови за издржливоста и успехот на една врска.

Прочитајте ги и овие едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска!

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар