Дали некогаш сте чуле за „бебешки ботокс“?

Третманите со бебешки ботокс (Baby Botox) содржат минимална доза ботокс, што се нанесува на вообичаените места. Резултатите се многу слични како и кај нормалните дозирања, но сепак овозможуваат поголема подвижност на лицето, но и векот на траење е малку пократок. Пациентите (и мажи и жени) би требало да го повторуваат третманот на секои два месеци.

Дали веќе сте слушнале за „Baby Botox“?

Бебешкиот ботоксот едноставно им овомозжува различен избор на пациентите. Доколку тие сепак сакаат ботокс, ќе се одлучат за вообичаената доза. За помалата доза се одлучуваат оние пациенти кои сакаат дејството на ботоксот да им трае кратко и оние кои сакаат мали промени, со цел што поприродно да изгледаат. Терминот потекнува од САД, а настанал кога филмскиот режисер Мартин Скорсезе се жалел од „замрзнатиот“ израз на лицето на своите актери, кои поради вкочанетоста на мускулите не можеле убедливо да ги глумат улогите. Многу од нив почнале да бараат ботокс третман што нема да им пречи, што ќе им даде поприроден изглед и ќе исчезне кога ќе им треба поинаков изглед за следната улога.

Како се применува?

Ботоксот внимателно и прецизно се нанесува во многу мали количини и ја блокира работата на поединечни мускули кои учествуваат во мимиките на лицето. На тој начин се намалуваат и се отстрануваат брчките на лицето кои настануваат од силните контракции на тие мускули. Препаратите делуваат само на местата на кои се нанесуваат, а самото нанесување е речиси безболно затоа што се става со многу тенки игли.

Каде се применува?

Местата на кои најчесто се изведува овој третман се брчките на челото, ситните брчки на надворешната страна на очите, брчките над горната усна, нерамнините на брадата и брчките на вратот.

Дали веќе сте слушнале за „Baby Botox“?

Како делува?

Ботоксот делува 2 или 3 дена по нанесувањето и тогаш стануваат видливи првите ефекти. Подмладувањето на лицето се случува постепено и може да трае и до еден месец. Третманот може да се повторува неограничен број пати, затоа што не постои никаква опасност по здравјето на пациентот. Потребно е да се води сметка за тоа помеѓу третманите да има доволно временски простор. Во најголем број случаи третманот се повторува на секои 4 месеци, за да се одржува младешки и свеж изглед.

Заздравување

Пациентите (и мажите и жените) може веднаш по завршувањето на постапката да се вратат на извршувањето на секојдневните обврски. На местото каде што е извршено инјектирањето може да се појават мали модринки кои лесно се покриваат на вообичаениот начин.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар