Дали навистина треба да ги вадиме умниците?

Дали навистина треба да ги вадиме умниците?

Умниците се јавуваат кај луѓето во периодот меѓу 12 и 25-годишна возраст. Најчесто докторите советуваат да се извадат, но дали тоа е навистина потребно? Постојат поделени мислења на оваа тема и треба да бидете добро информирани за да ја донесете вистинската одлука. Еве што треба да знаете пред да решите дали да ги вадите умниците или не…

Дали навистина треба да ги вадиме умниците?

Кога не треба да ги вадите умниците?

  • Ако се здрави (забот не е расипан, непцата околу нив не се воспалени).
  • Ако се целосно пораснати.
  • Ако се пораснати на вистинското место и не им го попречуваат нормалното функционирање на соседните заби.
  • Ако лесно се чистат кога миете заби.
Дали навистина треба да ги вадиме умниците?

12 години

Кога треба да ги извадите умниците?

  • Ако забите се целосно скриени под непцето, но не можат да излезат. Во овој случај, тие можат да формираат циста која ќе ги уништи корените на соседните заби.
  • Ако забите не се пораснати целосно. Во тој случај, ќе имате проблем околу одржувањето на хигиената и како резултат ќе дојде до насобирање на бактерии што може да предизвика голем број забни заболувања.
  • Ако нема доволно простор за забите, умниците можат да им наштетат на соседните заби.
  • Ако чувствувате болка во пределот околу умниците.
  • Ако ткивата до умниците се инфицирани.
  • Ако се формирале тумори.
  • Ако има воспаление на непцата.
  • Ако соседните заби се расипани и почнат да се кршат.
Дали навистина треба да ги вадиме умниците?

25 години

Нема ништо лошо во тоа да ги оставите умниците доколку редовно одите на заболекар и правите рендгенски снимки. Само така ќе можете навреме да откриете ако има некаков проблем (како на пример неправилно растење на умниците) и да направите операција за да ги отстраните. Докторите препорачуваат да го направите ова што е можно побрзо бидејќи откако ќе наполните 25 години, сите коскени ткива се конечно формирани и забите потешко се отстрануваат, а ткивата побавно заздравуваат.

Доколку сакате да се информирате повеќе за овие заби, прочитајте што да правите со умниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар