Дали на децата да им ја кажете вистината за Дедо Мраз?

Дали на децата да им ја кажете вистината за Дедо Мраз?

Доколку ве мачи дилемата дали треба да ги лажете вашите деца за постоењето на Дедо Мраз или треба да ги оставите да им проработи фантазијата, еве што мислат педагозите на оваа тема.Дали на децата да им ја кажете вистината за Дедо Мраз?Родителите понекогаш премногу држат до ставот дека на децата треба да им ја говорат само вистината. Односно, некои родители веруваат дека доколку му кажат на своето дете дека Дедо Мраз постои, еден ден кога тоа ќе сфати дека не е така, ќе ги осуди за лагата и во иднина нема да им верува. Меѓутоа, тоа не е така. Сè додека децата веруваат во Дедо Мраз, тоа значи дека не се спремни да ја прифатат вистината.

Дедо Мраз е олицетворение на доброто, чесноста и радоста. За разлика од родителите, кои понекогаш знаат да го казнат и искараат своето дете, тој им ги исполнува сите желби. Им дава многу подароци, иако не ги познава. Тој е лик, поради кои се спремни да бидат умни цела година за да го добијат она што го сакаат, херој на кого редовно му пишуваат писма со своите желби.

Немојте на своето дете да му ја скратувате можноста да живее во бајка, со тоа што ќе му објасните како стојат работите. Кога ќе потпорасне, сами ќе го почувствувате моментот, кога вашето дете е спремно да ја дознае вистината.

Тоа е моментот кога детето почнува да бара аргументи како доказ за постоењето на Дедо Мраз. Тогаш детето почнува да се запрашува како го собира Дедо Мраз низ оџакот, како ирвасите летаат, а што ако некое дете живее во зграда и нема оџак и слични други прашања, кои покажуваат дека детето е спремно да ја чуе вистината.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар