Дали може да се постигне оргазам со анален секс?

Дали жената може да постигне оргазам преку анален секс? Да, може. Но, пред да видиме како, најпрво да расчистиме една работа. Анален секс е различно од анална стимулација. Точно е дека може да се постигне оргазам при анален секс, но ова ниту е лесно, ниту многу едноставно ако сте неискусни. Од друга страна пак, аналната стимулација може да придонесе за многу пријатно искуство за време на сексот, а интензитетот, стилот и пенетрацијата можат да се прилагодат така за да ви одговараат – да ви носат задоволство, а да го исклучат ризикот од чувство на болка.

Дали може да се постигне оргазам со анален секс?

Аналните игри се одличен начин за интензивирање на задоволството кое се добива преку стандардната вагинална и клиторична стимулација. Всушност, оргазмот може да биде многу поинтензивен кога за време на сексуалниот чин ќе се вклучи и анална стимулација.

Ова е резултат на тоа што карличните нерви се поврзани со клиторисот, вагината, бешиката и ректумот, па кога стимулирате повеќе од една од овие области, тоа резултира со поинтензивно задоволство. Затоа на пример, кога го стегате задникот пред или за време на оргазмот, тоа го зголемува интензитетот на чувството.

Пред да почнете мора да бидете стопроцентно возбудени

Аналниот отвор има голем број нервни завршетоци кои создаваат убаво чувство кога се допираат и масираат, откако веќе се чувствувате возбудено. Колку повозбудени станувате, толку поопуштени ќе ви бидат мускулите, а тоа значи дека за вашиот партнер ќе станува полесно да пенетрира со неговиот прст, со секс-играчка или пак со неговиот пенис.

Бидете навлажнети со големо количество лубрикант

Анусот не е како вагината. Тој нема самонавлажнувачки својства и ткивото лесно може да се скине и да предизвика неудобно чувство, како и да го зголеми ризикот од инфекции. Затоа треба да користите многу лубрикант во и околу анусот. Најдобри се лубрикантите базирани на вода кои се специјално направени за сексуални игри.

Бидете стопроцентно опуштени

Уште една важна работа е да бидете опуштени, бидејќи многу жени не сакаат ни да се обидат поради негативната конотација во која најчесто се зборува за аналниот секс.

Пробајте сами или со партнерот

Земете вибратор за да го масирате анусот следниот пат кога ќе мастурбирате и видете каков ефект тоа ќе има на вашиот оргазам. Или, насочете го навлажнетиот палец на вашиот партнер кон анусот и подгответе се за нов вид возбудување.

Дополнителни начини за постигнување оргазам со анална стимулација

Кружни стимулации – Следниот пат кога ќе имате секс со вашиот партнер дозволете му да ви овозможи интензивно задоволство правејќи кружни движења со јазикот или со влажен прст. Доколку тој продолжи подолу за време на оралното задоволување, дозволете му. Сепак, за да не се чувствувате стегнато и неудобно, секогаш треба да внимавате на својата хигиена и да бидете суперчисти таму долу.

Анални заткиОвие се како кратки дилдоа, најчесто во форма на издолжен дијамант за да може лесно да се вметнуваат. Тие се така дизајнирани за да стојат внатре без да се мрдаат внатре-надвор.

Задоволството се случува кога прстенестите мускули во внатрешноста на вашиот анус прават контракции од движењата на вашето тело за време на сексот, што предизвикува вашите нервни завршетоци да реагираат и да ви пружат екстра задоволство за време на чинот и додека доживувате оргазам. И вашиот партнер може да носи ваков секс-аксесоар.

Вибратори – Некои анални затки се со вибрации, што може да пружи уште постимулирачко искуство. Како алтернатива може да се користат обични вибратори за стимулирање на анусот за време на предиграта и во текот на сексуалниот чин. Можете да изберете и специјално дизајнирани вибратори кои се носат на прстот на партнерот и може да се користат за клиторична  или анална стимулација. Но, изберете една точка останете на неа.

Секс-играчки – Има многу различни видови со кои можете да експериментирате за да продуцирате различни чувства во и околу анусот. Пробајте на пример анални синџири, анални перли, анални затки во разни облици и сонди.

Аналниот секс е табу тема, но доколку сакате да експериментирате и ги почитувате овие совети, можете да доживеете ново, неверојатно сексуално искуство.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар