Дали моногамијата е навистина реалистична?

Можеби е тешко да се признае, но речиси секој има размислувано на оваа тема. Моногамијата е комплицирана тема, па дали луѓето навистина треба да бидат во моногамни врски?

Дали моногамијата е навистина реалистична?

Во библиските времиња било прифатено мажите да имаат повеќе жени, љубовници или хареми. Всушност, дури и во некои модерни култури нормално е мажот да има повеќе сопруги. Дали полигамијата е поприродна? Дали имањето повеќе партнери, па дури и неверството се нормален дел од човечката природа? Повеќето мажи би се согласиле со идејата да имаат повеќе жени. Повеќе секс со разни партнери ја допира примарната потреба за размножување и искрено, повеќето мажи и жени би го прифатиле ова доколку би имале шанса.

Но, многу мажи изјавиле дека не се среќни со идејата нивната жена да има некој друг, како и дека задоволувањето на повеќе жени им создава голем притисок. Ова не значи дека паровите кои имаат отворени врски грешат. Веројатно нивото на комуникација кое го имаат овие парови со цел да си веруваат е многу повисоко од она во моногамните врски.

Романтичните врски од кој било вид бараат постојана работа. Наградата од поврзување со некој што го сакате бара комуникација, распореди, игра, секс, семејство, навики… речиси сè. Па, прашањето сепак останува. Ако мнозинството од нас сакаат долгорочна, моногамна врска, зошто сè уште изневеруваме и се разведуваме?

Дали сакаме моногамија бидејќи сметаме дека треба да го имаме тоа, или пак таква ни е природата?

Дознајте и дали навистина постои ген за изневерување.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар