Дали имате лош ден? 17 реченици што ќе ви дадат утеха и ќе ви докажат дека не е сѐ толку црно

Сите имаме лоши денови понекогаш. Не можеме постојано да бидеме среќни и насмеани. Доколку сте станале на лева нога, следниве 17 реченици ќе ве утешат и ќе ве потсетат дека не е сѐ толку црно. Прочитајте ги овие потсетници и колку и да ви е тешко, извлечете го максимумот од денот…

Дали имате лош ден? 17 реченици што ќе ви дадат утеха и ќе ви докажат дека не е сѐ толку црно

1. Размислете каков би ви бил животот кога не би имале апсолутно никакви предизвици и проблеми: Можеби би ви било супер одреден период, но по некое време, не би имале никакви цели, соништа, работа, напредок и вашиот живот би станал неподносливо монотон.

2. Како луѓе, ние сме навикнати на проблемите и имаме предиспозиции за да се справуваме со нив, дури и да чувствувате дека сте преплавени со проблеми, порано или подоцна ќе испливате до површината.

3. Обидувањето е секогаш многу подобро од препуштањето на стравот и седењето на страна.

4. Ова особено важи ако потфрлите, бидејќи барем сте потфрлиле додека сте биле доволно храбри за да се обидете.

5. Постои разлика помеѓу признавањето на сопствените сомнежи и анксиозности и претераната самокритичност.

6. Дозволено ви е да ги анализирате вашите избори, да ги поправате вашите грешки и да научите како да созреете, но не ви е дозволено да се сметате себеси за безвредни само затоа што поминувате низ тежок период.

7. Постои голема веројатност дека нема да се сеќавате на овој лош ден за 5 години, па дури ни за 1 година или за 1 месец од сега.

8. Ќе се сеќавате на тоа како сте им дозволиле на овие денови да ве обликуваат со текот на времето, или ќе им дозволите да ве претворат во некој кој постојано се жали или во некој кој постојано застанува на нозе без разлика колку уморно или обесхрабрено се чувствува.

Дали имате лош ден? 17 реченици што ќе ви дадат утеха и ќе ви докажат дека не е сѐ толку црно

9. Не заборавајте дека луѓето кои ве сакаат, ве сакаат со причина; тие не ве сакаат затоа што сте совршени, туку затоа што сте свои и ве сакаат поради сите страни што ги поседувате, без разлика дали тие страни содржат одредени несигурности.

10. Само затоа што денес ви е тешко, не значи дека утрото не може да биде барем малку подобро.

11. Дури и најуспешните и најпочитуваните луѓе во светот имаат вакви денови, бидејќи сите сме луѓе, а огромен дел од тоа да се биде човек е да се биде несовршен.

12. Ваша работа моментално не е да го поправите секој проблем со кој се соочувате, тоа е невозможно!

13. Ваша работа моментално е да продолжите со напорна работа, да продолжите да се појавувате, да побарате помош ако ви треба, да продолжите со учење, со обидување и да не се препуштате на вашиот страв од неуспех.

14. Никој не е поштеден од чувството на несигурност понекогаш.

15. Она што ве прави импресивни не е вашиот недостаток на страв или сомнеж, бидејќи тие работи се неизбежни, но она што ве прави импресивни е начинот на кој се справувате со негативните емоции.

16. Луѓето кои се соочуваат со предизвици, се соочуваат со тие предизвици бидејќи тие живеат и пробуваат нови работи, единствениот начин да се ослободите од предизвиците е да седите на каучот и да му дозволите на животот да ве одмине.

17. За некое време од сега, најверојатно ќе се сакате себеси многу повеќе поради тоа што сте поминале низ тежок период, не затоа што совршено сте се справиле со него, туку затоа што сте биле силни, сте останале отпорни и сте продолжиле напред без оглед на сѐ.

Во продолжение прочитајте зошто еден лош ден не треба да го смени вашиот поглед кон животот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар