Дали хуморот е навистина секси?

Дали хуморот е навистина секси?

Постои голема разлика од она што го сметаме за смешно и она што го сметаме за духовито. Разлика помеѓу смеата како израз за добро расположение, ведрина и радост и како реакција за нешто што ни е смешно. Во разните истражувања за тоа кои особини се ценат најмногу кај потенцијалните партнери, духовитоста се наоѓа многу високо, и кај мажите и кај жените. Но никој не би започнал врска со некого само затоа што е забавен. На крај, привлечноста и хемијата се на прво место, а ако личноста која ве привлекува има и смисла за хумор, тоа е само уште еден вид поврзаност. Потребно е да го цениме партнерот, да го сметаме за паметен, способен и добар човек, а ако има и смисла за хумор која ни годи, тоа е само бонус.

Дали хуморот е навистина секси?

Хуморот како показател за менталното здравје

Научниците биле зачудени од тоа што духовитоста е една од најпосакуваните одлики кај партнерот, па во истражувањата забележувале одговори за тоа зошто ни е важен хуморот во односот. Една од вредностите на хуморот можеби е тоа што тој е показател на менталното здравје и стабилноста. Личностите кои духовито реагираат во стресни ситуации, влеваат доверба со својата ментална сила – тие нудат друга перспектива на целата ситуација и на здрав и конструктивен начин се справуваат со околностите.

Духовитоста како израз на интелигенцијата

Добрата смисла за хумор секогаш оди со висок степен на интелигенција. Односно, ако некој знае да се шегува, сигурно е многу паметен. Ако е паметен, можете да се потпрете на неговата способност да се снајде во непознати ситуации. Животот е полн со непредвидливи и непознати ситуации, па интелигенцијата влева сигурност.

Хуморот како дел од сексот

Какво би било флертувањето ако во него нема доза хумор? Сепак, ако хемијата е силна, додека флертувате со некого дури и најлошите шеги може да бидат причина за смеа. Кога две личности флертуваат, тие се смеат и изгледаат како добро да се забавуваат. Сексот вклучува заведување со шеги, од кажување глупави вицови, до софистицирани интелектуални провокации. Веројатно го правиме ова бидејќи немаме раскошни пердуви или рогови како животните.

Без телесна привлечност, хуморот не функционира

Ако сте биле во прилика да одбирате помеѓу партнер кој лудо ве забавува и партнер кој навистина ви го одзема здивот, сигурно сте го избрале вториот.

Смеата како израз на радоста во односот

Дури и ако хуморот на вашиот партнер не е сличен со вашиот хумор и ако сметате дека не е многу духовит, голема е веројатноста и покрај тоа често да се смеете заедно. Во кревет, во друштво, додека гледате некој филм, хуморот е важен начин на комуницирање, а со смеата во која уживате заедно ја покажувате вашата радост, виталност и поврзаност во врската.

Знаевте ли дека мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар