Дали големината на пенисот и бројот на сексуални односи влијае на големината на вагината?

Дали бројот на сексуални односи влијае на големината и обликот на вагината? Дали тоа што вашиот партнер има голем пенис трајно ги менува големината и формата на вашата вагина? Многу жени се прашуваат за овие работи, но само мал број од нив се подготвени да го постават ова прашање на стручњак. Лорен Страјкер, помошник професор по акушерство и гинекологија на Фајнберговото училиште за медицина дава одговори на овие прашања.

dali-goleminata-na-penisot-i-brojot-na-seksualni-odnosi-vlijae-na-goleminata-na-vaginata-kafepauza.mk

Според Лорен, жените не треба многу да се грижат за ова.

„Женското тело е така направено, еластично и со можност да се шири за да се прилагоди на сè од голем пенис до породување. Дури и најголемиот пенис на светот не може да се спореди со големината на бебе и нема да влијае на големината на вагината,“ кажува Лорен.

Вагината поминува низ физички промени кога сте возбудени. Засилениот проток на крв во таа област го поттикнува подмачкувањето на нерамните ѕидови на вагината. А кога тие ќе се опуштат, се шират и ѝ даваат простор на вагината за да се прилагоди на големината на пенисот, без разлика колкав е.

„Понекогаш самата влажност на телото не е доволна, особено кога се работи за голем пенис, па во тој случај треба да користите лубрикант кој не е на база на вода. Со негова помош вагината ќе постане дополнително влажна, а сексот попријатен и позабавен,“ објаснува Лорен.

Ако после сексот не се чувствувате „тесно“ како претходно, тоа не е ништо необично.

„Вагината ви се проширила за да се прилагоди на вашиот партнер, но тоа е само за одредено време и потоа брзо се враќа во првобитната состојба, кај некого за неколку минути, а кај некои за неколку часа. Некогаш тоа зависи и од други фактори, но секако се враќа на старо.“

Ако не се чувствувате „тесно“, проблемот не е во вагината, туку во мускулите на карлицата.

„Кегеловите вежби можат многу да ви помогнат со тоа, но повеќето жени не знаат да ги прават правилно. Затоа посоветувајте се со својот гинеколог за да ви препорача специјализирани вежби или уреди со помош на кои ќе ги стимулирате и зајакнете карличните мускули,“ советува Лорен.

Значи, големиот број на сексуални односи и големиот пенис не делуваат трајно на големината и обликот на вагината. Само гледајте да користите доволно лубрикант и посветувајте доволно внимание на предиграта за да ви биде удобно и пријатно во текот на сексуалниот однос.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар