Дали ги завршувате работите докрај или само така мислите?

Автор: Калин Бабушку

Многу често сме се наоѓале во ситуација да мислиме дека некоја работа која требало да ја сработиме е готова, но кога ќе дојде претпоставениот или тој/таа што ни ја има дадено задачата, ни кажуваат дека и не е баш завршена.

dali-gi-zavrshuvate-rabotite-dokraj-ili-samo-taka-mislite-kafepauza.mk

Тоа е така поради различните гледања на работите, но и поради начинот на кој се завршени работите. Едно е како ние гледаме на завршените работи, а друго, како тие навистина требало да бидат завршени. Дополнително на тоа е и колку квалитетно сме ја завршиле работата.

За да не се најдете во ситуација да дојде некој и да ве искритикува дека работата која ви е дадена и не е баш завршена, направете барем некои од следниве работи:

  • Инструкции – Видете дали сте ги направиле работите според инструкциите кои сте ги добиле, но пред тоа проверете дали сте ги разбрале убаво инструкциите кои ви биле зададени.
  • Проверка – Поминете повторно низ работите кои сте ги завршиле за да можете да бидете сигурни дека навистина сте ги завршиле.
  • Контрола – Направете контрола на работите кои сте ги направиле и ако можете дајте некому тоа да го направи за вас.
  • Прашања – После завршување на работата, треба да си поставите неколку прашања: Дали сте можеле работата да ја завршите поинаку? Дали сте можеле да направите нешто повеќе?
  • Консултации – Консултирајте се со вашите соработници за тоа дали работата која сте ја направиле е добро завршена.
  • Презентации – Презентирајте ја завршената работа пред претпоставениот/те пред да заклучите дека сте завршиле со зададената работа. Побарајте и нивно мислење, дали добро сте ја завршиле.
  • Завршни работи – После сите горенаведени работи, доаѓаат на ред завршните финеси. После нивното комплетирање, веќе можеме да дефинираме дека некоја работа е завршена како што треба.

Како што можете да видите, има многу работи да се направат за да може да кажете дека сте готови. Затоа, немојте да избрзувате со тоа, туку поминете низ некои, ако не сите, чекори кои се наведени погоре, за да може со сигурност да кажете дека некоја работа Е ГОТОВА!

Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук.
За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар