Да се биде сингл е чудна форма на сила

Во денешниот свет на постојано разменување пораки и повици многу е лесно да најдете личност која ви одговара. Целиот концепт на врските станува толку многу познат што ако после одредена возраст немате партнер, луѓето ќе почнуваат да се прашуваат зошто уште сте сами. Овде не спаѓаат само членовите на вашето семејство, овде спаѓаат и вашите пријатели кои се во врска, но и оние кои не се.

da-bidete-singl-e-chudna-forma-na-sila-kafepauza.mk

Да се биде сингл е избор

Ова е разумен избор. Да се биде сингл не значи дека имате некое нарушување или нестабилност, туку тоа покажува дека вам не ви е потребна друга личност за да бидете стабилни. За зрелост се смета да бидете во врска, но и да се биде сингл спаѓа во истата група. Вие сте доволно зрели за да знаете што е најдобро за вас.

Да се биде сингл е чудна форма на сила

Треба да бидете навистина силни, трпеливи и храбри за да се соочите со сите проблеми на личностите кои се сингл. Треба да ги впивате „советите“ од другите, сами да одите на настани, да им објаснувате на пријателите и семејството…

Да се биде сингл е забавно

Вие сте вашиот господар. Јадете што сакате, носите што сакате, одите кај сакате… Гледајте се со луѓето според вашиот распоред, без никакви обврски. Покрај тоа не мора постојано да барате компромис за да го усогласите вашиот распоред. Не мора постојано да ги разбирате верувањата на некого иако не се согласувате со нив. Не заборавајте и на сите викенди кои можете да ги поминете со најдобрите пријатели наместо со некој друг.

Во олку напреден свет, време е сите да разберат дека секој има право да го живее животот што го сака, да ги донесува одлуките што ги сака и да го следи својот пат.

Погледнете ги и работите кои секоја сингл девојка си ги има кажано барем еднаш.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар