Цртежите на вашето дете можат да откријат дали е надарено

Цртежите на вашето дете можат да откријат дали е надарено

Заборавете на тестовите за интелигенција, бидејќи истражувачите пронашле сосема нов начин да ви помогнат да сфатите дали вашето дете е гениј! Сè што треба да направите е подетално да ги погледнете нивните чкртаници.

(2) crtezhite-na-vasheto-dete-mozhat-da-otkrijat-dali-e-nadareno-www.kafepauza.mk

Според новата студија од Универзитетот Радбуд во Холандија, постојат 30 „исклучителни делови“ што само надарените деца ги вклучуваат на својот цртеж додека цртаат луѓе (имајте на ум дека талентот за цртање не е вклучен во овој тест). На пример, деталите како шминката, пегите, влакната на рацете, ноктите или карактеристиките како дланки во џеб, можат да бидат знак за висока интелигенција.

Вие исто така треба да обрнете внимание на додатоците како прстени, протези, кравати и техниките на цртање што вклучуваат рамни линии и рамки. Можеби не ви изгледа така, но дури и цртежите каде што е прикажано течење мрсули од нос или луѓе што уринираат, може да биде знак дека вашето дете е многу паметно.

(1) crtezhite-na-vasheto-dete-mozhat-da-otkrijat-dali-e-nadareno-www.kafepauza.mk

Па следен пат кога вашето дете ќе добие наплив на креативност, погледнете го нередот што ќе го остави зад себе пред да го исчистите. Студијата што била наречена „Идентификување високо надарени деца според анализа на цртање човечки фигури“ сугерира дека надареноста е многу повеќе од високо IQ.

Со традиционалните програми за анализа на надарените деца се користат стандардизирани тестови што понекогаш не ги идентификуваат сите деца со натпросечни способности. Некои од нив едноставно делуваа помалку интелигентно бидејќи едноставно им е досадно, а други пак, може да попуштат под стресот на тестирањето и да извлечат многу пониски резултати. Токму затоа и цртежите можат да ни дадат детален и точен увид во нивото на нивниот потенцијал.

(3) crtezhite-na-vasheto-dete-mozhat-da-otkrijat-dali-e-nadareno-www.kafepauza.mk

За најмалите: Со помош на овој едноставен тест со грозје откријте колку се интелигентни вашите деца!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар