Црни шумски мини колачиња

Одличен зимски десерт, соодветен за попладневната кафе пауза

Црни шумски мини колачиња

Потребни состојки:
  • 1 калап (8×8) чоколадни колачиња
  • 500 г свежи цреши, без семки
  • 2 портокали за џус
  • 110 г шеќер
  • 10 г житно брашно
  • 225 мл чоколадна пенеста крема или чоколаден пудинг
  • 225 мл шлаг пена
  • Мал дел од вашето омилено чоколадо за декорација
  • 4 цреши за декорација
Начин на подготовка:

Најпрво започнете со подготовка на мешавината од црешите. Во тенџере со средна големина додадете ги црешите и шеќерот. Исечете ги портокалите на половина и исцедете ги одозгора. Подготвувајте ги на средно ниска температура околу 6 минути. Потребно е црешите малку да омекнат. Потоа додадете го и житното брашно и мешајте добро. Оставете да се вари околу 3 минути, додека мешавината не стане погуста. Откако ќе ја тргнете од рингла, мешавината ќе продолжи сама да се згуснува и кога ќе биде доволно густа ставете ја во фрижидер за да се олади.

Откако црешите ќе бидат подготвени, земете ги чоколадните колачиња и исецкајте ги на ленти. Поставете половина од нив на дното од садовите или чашките. Притиснете ги за подобро да се наместат. Потоа додадете ја мешавината од црешите која ќе им даде одличен вкус на колачињата. Погрижете се да ставите подеднакво количество во секој сад. Откако ќе завршите, додадете ја и чоколадната пенеста крема. Измазнете ја со лажица. Потоа додадете уште една лента од чоколадните колачиња. Следниот слој е наменет за шлаг пената. По нанесувањето и неа израмнете ја со лажица. Земете го вашето омилено чоколадо и изрендајте мал слој врз шлагот. На крај декорирајте со една цреша. Готовите колачиња сместете ги во фрижидер да постојат околу 1 час.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар