Цитати на познатите автори на книги за самопомош

Цитати на познатите автори на книги за самопомош

Автор: Бојана

„Пишувај за да бидеш разбран, зборувај за да бидеш слушнат и читај за да пораснеш.“ – Лоренс Кларк Пауел

За читањето книги се смета дека е активност со најголеми интелектуални придобивки. Различни луѓе сакаат да читаат различни книги кои одговараат на нивната личност, преференции и стремежи. Без разлика на различноста во читачките навики и вкусовите на публиката, популарноста на книгите за самопомош се зголемува со геометриска прогресија.

Зголемената популарност на книгите за самопомош е показател за потрагата на модерното општество кон максимизирање на личната среќа преку процесот на самооткривање со помош на книги кои нудат совети за модификации во однесувањето и ветувања за позитивни животни промени.

Во продолжение следат неколку цитати на познати автори на книги за самопомош, кои влијаеле на животите на милиони читатели ширум светот.

Цитати на познатите автори на книги за самопомош

„За два месеци може да добиете повеќе пријатели интересирајќи се за другите, отколку за две години обидувајќи се да ги натерате другите да се интересираат за вас.“ – Дејл Карнеги („Како да добиеме пријатели и да влијаеме врз луѓето“)

„Почетната точка на секое достигнување е ЖЕЛБАТА. Имајте го ова постојано на ум. Слабата желба носи слаби резултати. Само мал оган создава малку топлина.“ – Наполеон Хил („Мисли и збогати се“)

„Смеењето го отвора срцето и ја успокојува душата. Никој не треба да го сфаќа животот толку сериозно и да заборави да се смее на себеси.“ – Робин Шарма („Калуѓерот што го продаде своето Ферари“)

„Стравот кој дозволувате да се создаде во вашиот ум е полош од ситуацијата која всушност реално постои.“ – Спенсер Џонсон („Кој го здипли моето сирење“)

„Првичната причина за несреќа никогаш не е ситуацијата, туку мислите за неа.“ – Екарт Тол („Нова земја“)

„Сè што презирате и она на што остро реагирате кај другите, истото се наоѓа и во вас.“ – Екарт Тол („Нова земја“)

„Моќта е во вашите мисли, затоа останете будни. Со други зборови запаметете да запаметите.“ – Ронда Бирн („Тајната“)

„Повеќето луѓе не слушаат со цел да разберат, слушаат со цел да одговорат.“ – Стивен Кови („Седумте навики на високо ефективните луѓе“)

„Човечките суштества се лоши оценувачи, изложени на суеверија, предрасуди и длабока тенденција да го гледаат она што сакаат да го видат, а не она што вистински постои.“ – Скот Пек („Патот по кој поретко се оди“)

„Нашето минато може да објасни зошто страдаме, но не смееме да го користиме како изговор да останеме во ропство.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

„Не може да имате убав живот, а негативен ум.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

„Трпението не е способност да чекаме, туку способност да имаме добар став додека чекаме.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

„Секоја секунда е можност да го промените животот, бидејќи во секој момент може да го промените начинот на кој се чувствувате.“ – Ронда Бирн („Моќта“)

„Егото не е она што вистински сте. Егото е слика за себеси, општествена маска, улогата која ја играте. Вашата општествена маска расте со одобрување. Бара контрола и се одржува со моќ бидејќи живее во страв.“ – Дипак Чопра („Седумте духовни закони на успехот“)

„Светот е она што мислите за него, затоа мислете РАЗЛИЧНО и вашиот живот ќе се промени.“ – Пол Арден („Што и да мислиш, мисли го спротивно“)

„Подобро да жалите за она што сте го направиле, отколку да жалите за она што никогаш не сте го направиле.“ – Пол Арден („Што и да мислиш, мисли го спротивно“)

„Никогаш не чувствувајте срам бидејќи сте се обиделе нешто и не сте успеале. Оној којшто никогаш не доживеал неуспех, никогаш не се ни обидел.“ – Ог Мандино („Најголемиот трговец на светот“)

„Само навика може да покори друга навика.“ – Ог Мандино („Најголемиот трговец на светот“)

„Во бескрајот на животот во кој се наоѓам, сè е совршено, цело и потполно, а сепак животот постојано се менува. Не постои почеток, а ни крај. Само постојано кружење на материјата и доживувањата.“ – Лујза Хеј („Како да го излечите својот живот“)

„Никогаш не ја сфатив потребата децата да ги паметат датумите на битките. Тоа е губење време и ментална енергија. Наместо тоа треба да учиме важни работи како што се: како функционира мозокот, како да ги водите своите финансии, како да ја одберете својата професија, како да станете подобар родител, како да воспоставите врски кои ќе ве исполнат и како да стекнете самодоверба и сигурност во себе.“ – Лујза Хеј („Како да го излечите својот живот“)

„Вашата потсвест има одговор за сите ваши проблеми. Пред да заспиете ако ѝ предложите на потсвеста: Сакам да се разбудам во 6 часот наутро, таа ќе ве разбуди точно во тоа време.“ – Џозеф Марфи („Моќта на потсвеста“)

„Знајте дека вербата е како семе засадено во земја. Засадете ја идејата (семето) во вашиот ум, полевајте ја и оплодувајте ја со надеж и таа ќе роди плод.“ – Џозеф Марфи („Моќта на потсвеста“)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар