Чудотворно древно египетско средство за затегнување на лицето

Чудотворно древно египетско средство за затегнување на лицето

Древниот Египет бил познат по прекрасните жени со совршено негувана кожа и здрава коса

Чудотворно древно египетско средство за затегнување на лицето

Потребни состојки:
  • Пола лажица пчелен полен (можете да го најдете во маркетите за здрава исхрана)
  • 1 лажица мед
  • 20 грама пчелен восок
  • 2,3 капки тинктура прополис
  • 70 милилитри масло по ваш избор (маслиново, бадемово, кокосово…)
  • Етерично масло по ваш избор (за да го маскирате силниот мирис на медот)
Начин на подготовка и употреба:

Ставете го пчелниот восок во чиста тегла и прелијте го со маслото. Оставете мала количина од маслото на страна. Измешајте ги останатите состојки во длабок сад и мешајте сè додека не добиете густа паста.

Загрејте ги восокот и маслото на пареа со цел да се стопат. Откако ќе се стопат, додајте ги на претходно подготвената паста и добро измешајте со цел да добие крем. Сипете ги во теглата и вашата крема е подготвена за користење.

Доколку ви смета силниот мирис на мед и прополис, можете да додадете неколку капки есенцијално масло по ваш избор. Мачкајте се со кремата пред спиење и наутро ќе ве дочека мека, нежна и хидратизирана кожа. По секоја употреба добро затворајте ја кремата и таа ќе ви трае неколку месеци.

Зошто овој рецепт делува?

Медот е познат како еликсир на убавина и природен ботокс за лицето и косата. Неговите деривати го стимулираат производството на колагенот, ги намалуваат борите, ја спречуваат појавата на акни, мозолчиња и црвенила и помагаат при брзо зацелување на кожата. Тој е одличен избор за оние кои имаат сува кожа, бори, акни, егзем, дерматитис, псоријаза, па дури и рани.

Медот и неговите деривати го стимулираат обновувањето на клетките на кожата кои се смалуваат со години. Од друга страна пак, прополисот ги убива бактериите, ги спречува акните и црвенилото и богат е со антиоксиданси поради кои успешно ја обновува кожата по изгореници од сонце.

Медот исто така е богат и со шеќери, витамини Б1, Б2, Б6, Ц и танин кои ја смируваат чувствителната кожа. Тој ја привлекува влажноста и ја задржува во кожата, па токму затоа и се користи во козметичките препарати. Дехидрацијата може да предизвика бројни проблеми со кожата, па затоа и се препорачува мед при нејзино негување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар