Чудо од едно јајце: Едноставен рецепт за вкусен колач во моментите кога сте презафатени

Доколку започнете да ги прелистувате книгите со рецепти на вашите мајки тогаш со сигурност вашето внимание ќе го привлече звучниот наслов „Чудо од едно јајце“. Славниот колач е еден од оние кој нашите мајки и баби секогаш го имале при рака за кога ќе дојдат ненајавени гости или кога ги исполнуваат желбите за нешто слатко на своите најмали. Рецептот за овој едноставен колач е составен од состојки кои скоро секогаш ги имаме во нашата кујна и за чија подготовка ви е потребно да одвоите половина час.

1-recept-sozdaden-za-krajot-na-mesecot-i-nedostatokot-na-vreme-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
За бисквитот:
  • 1 јајце
  • 200 грама шеќер
  • 125 грама мелени ореви
  • 230 милилитри млеко
  • 8 лажици масло
  • 130 грама брашно
  • 1 пакетче прашок за печиво
Начин на подготовка:

Изматете го јајцето и додајте 100 грама од шеќерот и продолжете да матите додека не добиете густа кремаста текстура. Потоа додајте го млекото и матејќи постепено додавајте го остатокот од шеќерот. Со лажица измешајте ги оревите и маслото. На крај, додајте го брашното кое претходно ќе го измешате со прашокот за печиво. Така подготвената смеса ставете ја во намачкан сад за печење. Печете во рерна загреана на 170 степени околу 20 минути.

Совет: Бисквитот треба да биде сочен, па затоа е важно да не го препечете. После 15 минути печење слободно со чепкалка проверете ја средината на бисквитот. Доколку на чепкалката не остануваат траги од смесата, можете да го извадите.

2-recept-sozdaden-za-krajot-na-mesecot-i-nedostatokot-na-vreme-www.kafepauza.mk_

За кремот:
Потребни состојки:
  • 1 пакување пудинг од ванила, однапред подготвено
  • 300 милилитри млеко
  • 2 лажички шеќер
  • 15 грама путер
Начин на подготовка:

Издвојте 100 милилитри од млекото и во него измешајте го пудингот и шеќерот, а остатокот од млекото ставете го во сад за да зоврие. Намалете го огнот и во врелото млеко пополека мешајќи додајте го приготвениот пудинг. Кога смесата ќе зоврие, тргнете ја од оган и оставете ја да се излади. Потоа измешајте го путерот и сето тоа добро разредете го со миксер.

На изладениот бисквит додајте го кремот и посипете со изрендано чоколадо, цимет, мелени ореви или друг додаток по желба.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар