Чудни сексуални искуства кои веројатно сите ги доживеале

Чудни сексуални искуства кои веројатно сите ги доживеале

Признајте, сигурно ви се случиле и вам, а некои од нив можеби и ви се допаднале. Но, тоа е сосема во ред.

chudni-seksualni-iskustva-koi-verojatno-site-gi-dozhiveale-kafepauza.mk

Сексуалните склоности се лична работа. Она што некому му е чудно, на друг му е преубаво. Како и да ви делувале во моментот, едно е сигурно – овие искуства скоро сите сме ги доживеале.

Секс со прсти

Ова е секс со момче кое поприлично им верува на своите прсти и верува дека забивањето на прстите до јајници ќе резултира со оргазам.

Секс во када или под туш

Звучи секси, но во реалноста таа идеја во најголем број случаи се покажала како лоша.

Прекинат секс

Баш во моментот кога сте испробувале некоја луда поза, некој од родителите или цимерите ве прекинал тропајќи на врата. Неретко и телефонот знае да заѕвони баш во тој незгоден момент.

Секс со чоколадо

Многу парови веруваат дека растопеното чоколадо по голото тело е добра идеја која ја позајмуваат од филмовите. Но, кој пробал знае дека не е.

Секс преку пантолони (секс на суво)

Исто како да имате секс, но потполно облечени, бидејќи едноставно не сте биле спремни или не било моментот за таа работа.

Пијан секс

Преголемите очекувања и премногу алкохол може да резултираат со многу чудно сексуално искуство. До секс може воопшто и да не дојде бидејќи неговиот пенис ќе изгледа како мртов полжав. Или пак, сексот ќе трае, и ќе трае, и ќе трае сè додека конечно не се откаже.

Секс во јавност

Многу пали самата помисла на секс на отворено. Кога оваа фантазија ќе се реализира може да биде навистина секси искуство, или пак може да се случи да си ги изгубите гаќичките или во полош случај – достоинството.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар