Чудесно масло од цимет што има моќ да ви ги уништи сите токсини во телото

Можеме слободно да кажеме дека се работи за идеалната комбинација од одличен зачин и природен лек. Сигурно малкумина од вас чуле дека воопшто постои масло од цимет, како и дека се користи за специфична намена – чистење на вашиот организам од токсини. Најдобриот дел е што можете да го направите и во вашиот дом, користејќи само две состојки: Цимет и маслиново масло. Во продолжение следува рецептот кој целосно ќе ви го промени животот.

Чудесно масло од цимет кое има моќ да ви ги уништи сите токсини во телото

Потребни состојки:
  • Неколку стапчиња цимет
  • Чисто маслиново масло (рафинирано)
Начин на подготовка:

Ставете ги целите стапчиња цимет во една тегла, а потоа прелијте ги со маслиново масло така што ќе бидат целосно потопени. Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои 3 недели на собна температура. Секој ден добро протресувајте ја, а по 3 недели исцедете ја низ газа во темно стаклено шишенце и добро затворете.

Вашето масло од цимет е подготвено за употреба. Бројот на стапчиња се одредува произволно, но најдобро би било доколку целосно ја наполните теглата (најмалку 5 до 6 стапчиња на пола литар масло). Што поголем број искористите, толку подобро ќе биде за вас.

Доколку не можете да пронајдете стапчиња, можете да употребите и прав, во размер 1:5 во однос на маслото (100 грама цимет во прав на половина литар масло). Но, сепак се препорачува употреба на стапчиња бидејќи со преработката на циметот се губат и неговите долготрајни лековити својства.

Маслото ќе има прекрасен мирис и вкус. Комбинацијата на веќе лековитото и здраво маслиново масло со корисните и лековити состојки на циметот е вистински еликсир за здравје, како за надворешна, така и за внатрешна употреба. Ова масло е силен антиоксиданс кој ги спречува оштетувањата и ги штити клетките од слободните радикали што ги предизвикуваат најтешките болести.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар