Чоколадни стапчиња од портокал

Чоколадни стапчиња од портокал

Автор: Маја Линкова

Дали знаете како да ја искористите кората од портокалот? Направете супер вкусни слатки од само две состојки!

chokoladni-stapchinja-od-portokal-kafepauza.mk

Кората од портокалот не мора да ја фрлате, бидејќи од неа можете да направите хранлив десерт: стапчиња од портокал и чоколадо. Можеби ви звучи комплицирано, но рецептот е сосема лесен.

Потребни состојки:
  • Шолја вода
  • Шолја шеќер
  • Кора од еден портокал
  • Чоколадо за готвење
Упатство за подготовка:
  1. Отсечете ги горниот и долниот дел од портокалот. Потоа отстранете го внимателно остатокот од кората, оставајќи го и белиот дел. Исечете ја кората на ленти. Варете ги лентите во вода, сè додека не омекнат. Потоа исцедете ги.
  2. Помешајте шолја вода и шолја шеќер и загрејте ги на умерена температура, додека не се раствори шеќерот. Потоа додајте ги лентите од портокал и оставете ги да се варат 30 минути.
  3. Извадете ги лентите и почекајте да се изладат. Потоа извалкајте ги во шеќер, па потопете ги во стопено чоколадо и оставете ги да се изладат. Кога стапчињата ќе бидат готови, може да ги додадете како украс на некој десерт, да ги комбинирате со овошен јогурт или да ги јадете како чоколадни мусли.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар