Чоколадни палачинки

Чоколадни палачинки

Толку се лесни за подготовка… Вкусни – со гаранција! Ставете ги на листата на десерти со кои мора да ги изненадите најблиските…Чоколадни палачинкиПотребно е:

  • 2 јајца
  • 150 г брашно
  • 300 мл млеко
  • 30 г путер
  • 40 г темно чоколадо (со 70% какао маса)
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици шеќер
  • 1/4 лажиче сол

Подготовка: Чоколадото исечкајте го на парчиња и заедно со путерот ставете ги да се растопат на пареа. Во сад ставете ги јајцата, шеќерот и солта, па со миксер изматете ги. Ставете половина од брашното помешано со какаото, 1/3 од млекото, па остатокот од брашното и на крај полека додавајте го остатокот од млекото, мешајќи за да добиете ретка смеса. На крај, во оваа смеса ставете ја растопената смеса од путер и чоколада. Добиената смеса оставете ја да отстои 1 час во фрижидер. Печете ги палачинките, широки и тенки. Од оваа смеса излегуваат околу 10 палачинки. Чоколадни палачинкиФилувајте ги со свежо или карамелизирано овошје.Чоколадни палачинки


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    Значи никогаш немаше да ми текне на класична смеса за палачинки да додадам растопено чоколадо! 😀 Ова е MUST рецепт. Уште денес! Фалааа!

  2. Цаци Reply

    Мммм….Се настрвив 😀

Напиши одговор на Ивана Откажи одговор