Чоколадни колачиња кои се топат во вашата уста

Вкусен рецепт, одличен за секој момент од денот

Чоколадни колачиња кои се топат во вашата уста

Потребни состојки:
  • 375 грама шеќер во прав
  • 100 грама какао во прав
  • 1 лажица пченкарно брашно (пченкарен скроб)
  • 1 лажичка морска сол
  • 2 големи јајца, лесно изматени
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 175 грама чоколадо (исечкано на мали коцки)
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и поставете хартија за печење во три калапи за колачи. Во еден голем сад, измешајте ги шеќерот во прав, какаото, пченкарното брашно и солта. Потоа додадете ги и јајцата и ванилата, па мешајте сè додека сите состојки не се комбинираат. Додека мешате, додадете ги и чоколадните коцки.

Со помош на лажица, префрлајте од смесата во калапите и пред да ги ставите во рерна, посолете ги со уште малку морска сол. Печете 12 – 15 минути, или сè додека тие не станат меки и напукнати. Од оваа смеса би требало да добиете 16 колачиња. Добар апетит.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар