Чоколадни банани полнети со путер од кикирики

Интересен десерт кој многу брзо се подготвува…Чоколадни банани полнети со путер од кикирикиПотребни состојки (зависно од количината):

  • банани
  • чоколадо (70% какао)
  • путер од кикирики
  • кршени лешници

Начин на подготовка:

1. Бананите олупете ги, исечете им ги краевите и потоа пресечете ги на два еднакви дела. Средината на бананата издлабете ја.  Чоколадото растопете го, а потоа бананите натопете ги до половина во него.Чоколадни банани полнети со путер од кикирики2. Додека е чоколадото уште топло, извалкајте ја бананата во искршените лешници или доколку ви е полесно искршените лешници посипете ги врз чоколадата.Чоколадни банани полнети со путер од кикирики3. Во шприц за декорирање торти ставете го путерот од кикирики и наполнете ги бананите до врв. Наредете ги бананите на еден послужавник и ставете ги во фрижидер за да се стврдне чоколадото.Чоколадни банани полнети со путер од кикирикиСовет: Јадете ги брзо, бидејќи бананата многу брзо ќе оксидира и ќе потемни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар