Чоколадна торта од палачинки

Феноменална торта, со која ќе ги изненадите сите ваши пријатели

Чоколадна торта од палачинки

Потребни состојки за палачинките:
  • 3 јајца
  • 250 г брашно
  • 200 мл млеко
  • прстофат сол
Потребни состојки за шлагот:
  • 300 мл слатка павлака
  • 3 лажици какао
  • 3 лажици ванилин шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажички ликер од лешник
Потребни состојки за чоколадна глазура
  • 100 црно или млечно чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
  • 1 лажичка ликер од лешник
Начин на подготовка:

1. За подготовка на палачинките најпрво измешајте ги јајцата, солта и млекото, а потоа мешајќи непрекинато додавајте го и брашното. Смесата оставете ја половина час да отстои, а потоа во врело тавче со малку масло за готвење, печете една по една палачинка.

2. Слатката павлака изматете ја во голем сад, спрема упатството на нејзиното пакување. Постепено дури матите додадете го ванилинот шеќер, а потоа и какаото. Додајте ги и ликерот од лешник и екстрактот од ванила и мешајте додека не добиете еднолична смеса.

3. Редете ги палачинките една врз друга, а измеѓу секоја мачкајте по еден слој од филот.

4. Чоколадото исечкајте го на коцкички и ставете го во сад. Слатката павлака ставете ја во лонец на оган додека не почне да врие, а потоа прелијте го чоколадото со неа. Веднаш почнете да мешате додека не добиете еднолична смеса, а на крајот додадете го и ликерот.

5. Глазурата истурете ја врз наредената торта, а дополнително тортата можете да ја декорирате со цели или мелени лешници.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. ivana Reply

    mmmmmmmmmmmm 😀

  2. She Reply

    <3

  3. asassaA Reply

    MNOGU SLATKO GO PRIOBAV I TOA VEDNAS

Остави коментар