Чоколаден десерт со путер од кикиритки

Имате при рака путер од кикиритки? Ви се јаде нешто благо ама немате време да правите цела торта? Земете ја вашата голема шолја за кафе. Еве како брзо да подготвите вистинска божествена тортичка во шолја за да го задоволите вашиот апетит за благо.
Чоколаден десерт со путер од кикириткиПотребни состојки:

  • 2 лажици путер
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 1-2 кафени лажици ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 3 лажици какао во прав
  • Малку сол
  • Малку прашок за печиво
  • 3 лажици ситни парчиња чоколадо

Чоколаден десерт со путер од кикириткиПотребни состојки за преливот со путер од кикиритки:

  • 1 лажица крем сирење или кајмак
  • 1 лажица путер од кикиритки
  • 1-2 кафени лажички ванилин шеќер
  • 2 лажици шлаг-крем
  • 1 лажица шеќер во прав
  • Топена карамела (за декорација)

Начин на подготовка: Во сад растопете го путерот, потоа додајте го путерот од кикиритки и добро измешајте. Во голема шолја за кафе измешајте ги заедно ванилата, јајцето и шеќерот. Добро мешајте додека смесата не стане хомогена.

Потоа во друг сад измешајте го брашното, какаото, солта и прашокот за печиво. Добро измешајте ги и додајте ги во шолјата. Во шолјата исто така додајте ја смесата со путерот. За крај во шолјата наросете ги парчињата чоколадо. Ставете ја во микробранова печка на минута или две.Чоколаден десерт со путер од кикириткиЗа да го подготвите преливот со путер од кикиритки, во еден сад измешајте ги заедно крем сирењето, путерот од кикиритки и ванилиниот шеќер. Додајте го шлагот и наросете од шеќерот во прав. Внимавајте да не ја мешате премногу оваа смеса.

Кога ќе ја извадите шолјата од микробранова печка, во шолјата ставете ја смесата со путер од кикиритки и налејте со топла карамела.

Добар апетит!Чоколаден десерт со путер од кикиритки


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар