Чипс од сладок компир подготвен во микробранова

Вкусна закуска која лесно се подготвува

Чипс од сладок компир подготвен во микробранова

Потребни состојки:
  • 400 г сладок компир
  • 1 лажичка сечкан рузмарин
  • ½ лажичка сол
  • ¼ лажичка црн пипер
  • маслиново масло
Начин на подготовка:

Исечете круг од хартија за печење и поставете го на сигурносната чинија во микробрановата печка. Хартијата малку намачкајте ја со маслиново масло.

Компирот исечкајте го на тенки резанки на ренде и наредете ги на хартијата. Одозгора ставете малку рузмарин, сол и црн пипер на сите резанки и печете ги во микробранова печка 4 минути на посилна температура. Проверувајте повремено дали се доволно крцкави, ако не, продолжете го печењето за 30 секунди.

Постапката повторете ја со целото количество на компир.

Чипс од сладок компир подготвен во микробранова


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар