Четири совети за здрави гради

Редовниот преглед и секојдневната грижа ќе ви помогнат, вашите гради да бидат во добра форма. Ова се четири совети кои морате редовно да ги практикувате.

Четири совети за здрави гради

Дневно: Внимавајте на хигиената

Лесната масажа за време на туширањето и убавото миење со благ хидратантен сапун ќе го спречи развојот на бактерии кои се создаваат на кожата со потењето.

Месечно: Прегледајте ги градите сами

Недела дена после менструалниот циклус (тогаш ткивото во градите е најмеко), со прстите пополека поминете преку градите до пазувите, во потрага по грутки и испакнатини. Потоа погледнете се во огледало за да видите да не случајно се појавиле некои флеки или црвенило кои укажуваат на инфекција, а во многу ретки случаи на рак на кожа.

На секои шест месеци: Проверете ги вашите градници

Доколку редовно носите некој градник подолг период, тој ја губи својата еластичност, што може да доведе до болка во градите и грбот.

Годишно: Лекарски преглед

Клиничкиот преглед на градите е стандарден и многу важен дел од гинеколошкиот преглед. Стручното лице најдобро може да изврши детален преглед, за навремено откривање на несаканите можни закани.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар