Чекорете гордо и со стил: 10 трикови за намалување на болката што ја создаваат вашите омилени чевли

Најлошото можно сценарио: Одвај дочекавте да ги купите чевлите од излогот кои ви се преубави и кои со недели наназад чекавте да ги купите, за на крај, кога ќе станат конечно ваши, и кога ќе ги облечете да дојде токму тој момент кога и понатаму ги сакате, но се каете, бидејќи сте ги купиле, поради оние болни плускавици кои ги носите, односно болката која доаѓа после тоа. Меѓутоа, ние имаме неколку трикови кои ќе ви помогнат доста успешно да ги решите овие ужасни потешкотии.

1-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

1. Наједноставното решение е да ставите најобичен фластер на местата каде што обувките ви прават плускавици, односно на тој начин да го спречите триењето и предизвикувањето и правењето на нови плускавици. Со овој трик, многу ќе го олесните одењето во вашите омилени чевли.

2-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

2. Можете да искористите и талк или бебешка пудра за да го решите овој проблем. Вашите стапала мораат да бидат потполно суви, а потоа поминете ги целите со пудра, така што ќе го спречите триењето и создавањето на плускавици, но и ќе ви овозможи да ги носите вашите омилени чевли.

3-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

3. Облечете чорапи, загрејте ги со фен и веднаш потоа облечете ги чевлите. Прошетајте низ собата. Повторете ја оваа постапка неколку пати, а ширината на чорапите и топлината ќе направат чевлите да се рашират и да ви задаваат помала болка.

4-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

4. Намачкајте ги местата каде што чевлите ви создаваат плускавици со дезодоранс (ролон). Веднаш ќе забележите како ова ќе ја намали болката и притисокот кој се врши врз кожата.

5-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

5. Како што фластерот врз раните е едно од наједноставните решенија, исто така испробано решение е да купите силиконски влошки за чевли. Тие со сигурност ќе го намалат овој проблем.

6-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

6. Земете кеса за замрзнување, наполнете ја со вода, заврзете ја и ставете ја внатре во чевлите. После ова, чевлите ставете ги во фрижидер, сè додека не замрзнат во целост. Извадете ги од фрижидерот, и ќе забележите дека чевлите се разлабавени и не ви создаваат болка.

7-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

7. Земете повеќе слоеви тоалетна хартија и натопете ја во целост со алкохол. Обложете ја внатрешноста на чевлите и оставете ги да стојат една ноќ. На овој начин ќе ги омекнете чевлите и повеќе нема да ви создаваат проблеми.

8-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

8. Како што има доста многу производи со кои можете да ги намачкате чевлите за да бидат поудобни, така можете нивната внатрешност да ја намачкате со крема за хидратација на кожата, со што ќе ги опушти во целост и ќе го намали напорот кој го носат со себе.

9-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

9. Можеби не толку чист трик, малку чуден, но еден чист компир, после една ноќ во внатрешноста на чевлите ќе создаде чудо, односно ќе ја „избрка“ целата болка.

10-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

10. На крај, најверојатно ова ќе биде најдоброто решение кое најбрзо ќе ви помогне, доколку сте мрзливи да го направите тоа сами. Отидете до најблискиот чевлар и препуштете му ја работата во целост.

11-chekorete-gordo-i-so-stil-10-trikovi-za-da-ja-namalite-bolkata-shto-ja-sozdavaat-vashite-omileni-chevli-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар