Чанта што секогаш ќе ја сакате

Наместо да купувате чанти кои се во мода како што доаѓа секоја сезона, со набори, со циркони, мали или големи… зошто да не инвестирате во спектакуларна чанта која ќе ја сакате засекогаш? Прочитајте ги кратките совети како да купите класична чанта која е сè, само досадна не.
.

Важна е големината на чантата

Ако сте ниски, тогаш ќе се изгубите носејќи голема чанта и обратно, ако сте високи и со облини, малата чанта нема да заврши работа за вас. Затоа, изберете чанта која се согласува со вашата висина и облини.Чанта која ќе ја сакате секогаш

Внимавајте на обликот на чантата

Обликот на чантата што ќе ја купите, треба да биде во согласност со вашиот изглед. Колку повеќе облини имате, толку поструктурирана треба да биде вашата чанта.Чанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогаш

Погледнете ги рабовите на чантата

Ако сакате да имате чанта која ќе ја носите и сакате секогаш, тогаш треба да обрнете внимание на нејзините рабови. Тие треба да бидат цврсти, со рамни линии и никако да не бидат лабави.Чанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогаш

Погледнете ја внимателно внатрешноста на чантата

Кога ќе најдете чанта која ви се допаѓа, отворете ја и погледнете внатре во неа. Дали правилно работи патентот, дали убаво се закопчуваат копчињата, дали конците се убаво притегнати? Ако видите дека нешто не е во ред, оставете ја чантата и барајте друга.Чанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогаш

Избегнувајте додатоци

Тренди елементите на чантата може да изгледаат убаво, но дали ќе бидат во мода следната сезона? Затоа, размислувајте класично, но не досадно. Кога купувате чанта, секогаш одбирајте квалитетни кожни чанти, кои ќе може да ги носите секогаш и во секоја прилика. Дури и да одберете класична црна, кафена или црвена чанта, изгледот секогаш може да го комплетирате со тренди накит, чевли во боја, некој убав шал или марама во боја.Чанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогаш



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар