Будвигов крем: Појадок кој спречува појава на разни болести

Будвигов крем: Појадок кој спречува појава на разни болести

Германската биохемичарка Јохана Будвиг открила начин за детектирање на маснотијата во крвта, ја сфатила важноста на есенцијалните масни киселини за здравјето и врз основа на своите откритија развила метод што го користат голем број луѓе за да ја спречат појавата на многу болести. Таа увидела дека одредени намирници можат превентивно да делуваат на појавата на кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, некои видови канцер и многу други болести.

1-budvigov-krem-pojadok-koj-sprechuva-pojava-na-razni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Токму затоа осмислила рецепт за крем кој е препорачливо да го консумирате наутро, веднаш по будењето. Овој крем се темели на ленено семе, односно се со состои од цедено масло од ленено семе и свежо кравјо сирење. Лененото семе е најдобриот извор на Омега-3 масни киселини кои во комбинација со протеините, како на пример немасното сирење, создава спој на липопротеин од кој се направени мембраните на нашите клетки.

Потребни состојки:

  • 4 лажици свежо кравјо сирење
  • 2 лажици органско масло од ленено семе
  • 1 лажица ленени семки
  • Овошје и јаткасти плодови по желба

Начин на подготовка:

За да добиете оптимални резултати потребно е да ги додавате состојките по точно одреден распоред.

1. Во сад ставете го свежото сирење, прелијте го со лененото масло и матете со миксер сѐ додека не добиете кремаста текстура, а целокупното масло не се спои целосно со сирењето.

2. Смесата прелијте ја преку ленените семки што претходно сте ги сомелеле во апарат за мелење кафе.

3. Рачно измешајте ги состојките, па преку целата смеса додајте и парчиња овошје, како на пример, банана, слива, шумско овошје, но и неколку јаткасти плодови како што се оревите и бадемите.

4. Овој крем консумирајте го најкасно 20 минути откако сте го приготвиле. Добро апетит!

2-budvigov-krem-pojadok-koj-sprechuva-pojava-na-razni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Важно е да знаете:

1. Лененото масло е расипливо, па треба да го чувате во фрижидер пред да го употребите. Исто така, немојте да купувате ленено масло кое не е зачувано во продавницата на ладно место.

2. Најдобри резултати ќе постигнете ако лененото семе го сомелете непосредно пред употребата со оглед на тоа дека петнаесет минути после мелењето тоа ги губи поголемиот дел од своите хранливи состојки.

3. Не јадете го овој крем со други извори на белковини и масти, туку како посебен оброк.

4. Не подготвувајте поголема количина од оваа крем и немојте да ја складирате за подоцна консумација. Секогаш правете свеж крем пред консумација.

5. Овој крем може да го јадат и личностите кои имаат канцер или некои други болести, но најпрво треба да се посоветуваат со својот лекар за количината на состојките и зачестеноста на консумацијата.

3-budvigov-krem-pojadok-koj-sprechuva-pojava-na-razni-bolesti-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар