Будистички правила што ќе ви помогнат правилно да ги поставите вашите приоритети

Будистички правила што ќе ви помогнат правилно да ги поставите вашите приоритети

Дали сте чуле за Мијамато Мусаши? Станува збор за мудар јапонски самурај и будист. Тој станал познат по приказните за неговите извонредни вештини за мечување, мудрите изреки и инспиративната книга „Книга на 5 прстени“ (The Book of Five Rings) што ја содржи неговата животна филозофија. Неговите филозофски принципи се засноваат на будизмот, а Мусаши се смета и за човекот кој го усовршил методот на одвојување, ослободување и дисциплина. Во неговата книга, тој исто така, ги открива и неговите животни правила. Тие не само што се многу вистинити, туку и совршено го опишуваат зен будистичкиот начин на живот. Прочитајте ги неговите правила и дознајте како правилно да ги поставите вашите приоритети во животот…

Будистички правила што ќе ви помогнат правилно да ги поставите вашите приоритети

1. Прифатете ги работите такви какви што се.

2. Не барајте задоволство само поради самото задоволство.

3. Немојте, по ниедна цена, да зависите од делумно чувство.

4. Имајте благо мислење за себе и длабоко за светот.

5. Одвојте се од желбата што ја посакувате целиот живот.

6. Немојте да се каете поради она што сте го направиле.

7. Никогаш не бидете љубоморни.

8. Никогаш не дозволувајте да се растажите поради разделбите.

9. Презирот и поплаките не се соодветни ниту за себе ниту за другите.

10. Не дозволувајте да ве предводат чувствата на копнеж и љубов.

11. Никогаш не бидете пристрасни.

12. Бидете рамнодушни кон местото во коешто живеете.

13. Не трагајте по вкусот на добрата храна.

14. Не ги чувајте работите што не ви требаат повеќе.

15. Немојте да дејствувате според конвенционалните верувања.

16. Немојте да собирате и користите оружја ако немате потреба од тоа.

17. Не плашете се од смртта.

18. Немојте да посакувате да имате материјални добра и земја кога ќе остарете.

19. Почитувајте го Буда и боговите без да сметате на нивната помош.

20. Можете да го напуштите сопственото тело, но мора да ја зачувате својата чест.

21. Никогаш немојте да скршнувате од вистинскиот пат.

Прочитајте ги и следниве 25 зен совети кои ќе ви помогнат да пронајдете внатрешен мир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар