Брутално искрени одговори на сите оние досадни љубовни прашања што ви ги поставуваат роднините

Брутално искрени одговори на сите оние досадни љубовни прашања што ви ги поставуваат роднините

Сезоната на празниците полека пристигна и ова е време кога поголем дел од луѓето го поминуваат со своето семејство и најблиските, а се среќаваат и со некои членови на поширокото семејство кои ги немаат видено одамна. Па така, сите сакаат да слушнат што има ново кај вас, за вашата работа, за вашето здравје и секако – за вашиот љубовен статус! Но, доколку не сте во врска, ваквите прашања може да ви бидат здодевни и непријатни, па во продолжение ви споделуваме одлични начини да им понудите брутално искрен одговор кога станува збор за вашиот љубовен статус.

Брутално искрени одговори на сите оние досадни прашања кои ви ги поставуваат во врска со вашиот љубовен живот

Имаш ли партнер?

О, Боже, најстрашното прашање кое може да ви го постават веднаш пред да вечерате. Во вашата глава ви поминуваат илјадници мисли, а се прашувате и дали да им кажете дека последните три месеци сте ги поминале јадејќи во вашиот кревет и гледајќи серии…

Прва опција: Не знам дали можам да го наречам тоа момче како мој партнер. Имаме секс еднаш неделно, а повремено става лајк и на некоја од моите фотографии на социјалните мрежи. Дали ова се смета како да сум во врска?

Втора опција: Никој не ме привлекува. Тоа е тоа. Ве молам не ме прашувајте ништо друго.

Трета опција: Всушност, немам еден, туку неколку партнери. Сексуални партнери. За ова зборуваме, зар не?

Четврта опција: Не и сум немала во последните пет години. Ми се допаѓа идејата да умрам сама, опкружена со 30 слатки мачиња.

Кога мислиш да се омажиш?

Нема ништо подосадно од вакви видови прашања! Тоа не може да се планира, или ќе се случи, или не.

Прва опција: Искрено, секојдневно се борам со тоа да бидам нахранета и искапена. Откако ќе го совладам ова, ќе почнам да размислува за можноста да вклучам уште некоја личност во мојот живот.

Втора опција: Само сакам да имам секс без обврски колку што можам подолго. Па, немам планови за во блиска иднина.

Трета опција: Постепено доаѓам до заклучок дека самата сум си доволна. Едноставно не можам да го подобрам овој степен на совршенство.

Четврта опција: Не сакам да правам планови. Ќе оставам универзумот да одлучи наместо мене.

Брутално искрени одговори на сите оние досадни прашања кои ви ги поставуваат во врска со вашиот љубовен живот

Што се случи со последното момче?

Ако досега разговорот не беше доволно лош, прашањата поврзани со вашите претходни партнери навистина може да ви го уништат целото расположение. Зар не треба роднините да сфатат дека ако не сте го споменале момчето, тоа е затоа што не постои?

Прва опција: Ох, не знам. Ме остави? Фала што ме потсетивте.

Втора опција: Му го „позајмив“ мојот лаптоп, па исчезна…

Трета опција: Ме изневеруваше и јас тоа го дознав од Фејсбук. Сѐ уште плачам кога ќе се сетам на ова. Добро сум, навистина.

Четврта опција: Тој никогаш не ни постоеше. Го измислив само за да престанете да ми ги поставувате сите овие досадни прашања!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар