Бруталната вистина за која никој не се осмелува да зборува: Љубовта не гарантира добар секс

Бруталната вистина за која никој не се осмелува да зборува: Љубовта не гарантира добар секс

Луѓето имаат различни сфаќања за сексуалноста. Некои се поконзервативни и имаат традиционални сфаќања кога станува збор за сексот, други, пак, се поотворени и не се плашат искрено да зборуваат за нивниот сексуален живот. Сексот е една од оние теми за кои сите луѓе имаат свое мислење. Сексуалноста на човекот зависи од личниот вкус, искуство и избор.

Бруталната вистина за која никој не се осмелува да зборува: Љубовта не гарантира добар секс

Се верува дека партнерите кои не зборуваат за нивниот сексуален живот, ја губат страста и сексот им станува здодевен. Ова може да им се случи и на најсреќните парови кои имаат здрава врска и тврдат дека се сакаат најмногу на светот. Заклучокот е дека љубовта не гарантира добар секс, а од длабоката интимна врска можат да произлезат и здодевни сексуални искуства.

Естер Перел е експерт од областа на сексуалната психологија и не се плаши отворено да зборува на оваа тема. Според неа, добриот секс е многу важен за сингл луѓето, но некои од нив не ја сфаќаат оваа тема сериозно. Ако воопшто имаат секс, станува збор за привремени сексуални односи. Естер смета дека за да научите како да ја одржите страста во врската и да имате добар сексуален живот, треба да се потсетите на времето кога сте биле сингл, бидејќи почетните сексуални односи се полни со страст.

Ако луѓето не се задоволни од нивниот сексуален живот, тоа е така затоа што постојано се навраќаат на минатото и се сеќаваат на некои подобри сексуални искуства. Ова обично се однесува на почетокот од врската кога страста и сексуалната привлечност сѐ уште биле присутни. Меѓутоа, напорните секојдневни обврски и стресови можат да ги променат работите.

Мажите и жените кои се свесни за моќта на страста знаат како повторно да го оживеат сексуалниот живот во врската. Во сериозните врски и бракови, сексот е лепакот што ги држи партнерите заедно. Ако имате добар сексуален живот, вие секогаш ќе сакате да му се враќате на партнерот за да се опуштите, да уживате и одново да воспоставите конекција. Медицинските лица и терапевти се согласуваат дека партнерите кои имаат редовни сексуални односи живеат подолго од оние кои се откажуваат сексот, пред сѐ поради возраста и здравствените проблеми.

Вистината е дека доколку сакате да имате страсна љубовна врска или брак, мора да разберете од што се состои еротиката во вашиот живот. Овде не станува збор за подарување цвеќиња или купување скапа долна облека. Станува збор за тоа како да ја задржите страста кон вашиот партнер и да ги одбегнете пречките кои можат да ве претворат во најдобри пријатели или цимери.

Немојте да му се препуштите на пријателскиот однос само затоа што така се чувствувате сигурно и удобно. Поентата е да останете љубовници и вистински да уживате во вашиот заеднички живот.

Прочитајте ги и 10-те клучни разлики помеѓу сексот од љубов и сексот од страст.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар