Бремените жени треба да работат само 25 часа неделно и не треба да се нервираат

Сподели

Бремените жени кои работат повеќе од 25 часови неделно имаат тенденција да родат помали бебиња, вели новото истражување. Истражувачите од Универзитетскиот медицински центар во Ротердам, Холандија, испитале 4.680 жени кои биле 30 седмици бремени. Притоа, било установено дека оние жени кои работеле повеќе од 25 часа неделно, родиле бебиња кои тежеле за 200 грама помалку од стандардната просечна тежина.Бремените жени треба да работат само 25 часа неделно и не треба да се нервираатНаучниците исто така откриле дека големината на роденото бебе, зависи и од тоа колку часови во текот на работниот ден, бремената жената поминува стоејќи. Така, кај оние жени кои почесто стојат, како што се учителките или оние кои работат во продажба, постои поголема веројатност да родат помали деца.

Едно од објаснувањата за оваа појава е фактот дека кај жените кои почесто мораат да стојат на нозе во текот на работниот ден, се намалува протокот на крв до плацентата, што од своја страна, го лимитира количеството на хранливи материи и кислород до фетусот. И покрај тоа што помало бебе не значи и нездраво бебе, сепак се смета дека кај вторите има поголем ризик од појава на проблеми со дишењето, срцеви дефекти, проблеми со дигестивниот систем, тешкотии со учењето и отежнат развој.

Експертите не знаат зошто работењето повеќе од 25 работни часови во текот на неделата би можело да доведе до раѓање помали деца, но претпоставуваат дека тоа се случува како резултат на стресот. Авторите на истражувањето велат дека работодавачите треба да се потрудат што е можно повеќе да ја направат работата удобна за бремените жени кои работат таму.

Друго истражување од Универзитетот во Осло, спроведено на 2.206 жени кои биле 32 седмици трудни, открило дека кај жените кои се нервозни додека се пораѓаат, породувањето трае подолго, односно час и половина плус во однос на оние жени кои не се уплашени од чинот.

Нервозните жени најчесто се пораѓаат околу 8 часа, а оние кои не се уплашени околу 6,5 часа. Се смета дека една петина од жените се уплашени од пораѓањето, појава позната како токофобија.

Ова истражување исто така открило дека на жените кои се исплашени поголема е веројатноста да им е потребна епидурална анестезија или царски рез. Тие исто така помалку комуницирале со бабиците за нивните проблеми, па не ја добиле потребната асистенција и помош за да се намали нивниот страв.

Затоа, доколку очекувате принова работете помалку, смејте се почесто и не плашете се од породувањето – тоа е сепак најприродната работа на светот, нели!?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар