Бразилките советуваат: Бесценети начини за нега на вашето тело, лице и коса

Бразилките советуваат: Бесценети начини за нега на вашето тело, лице и коса

По што се издвојуваат бразилските убавици од другите? Дали тие имаат нешто заедничко освен убавината со којашто се надарени? Денес ќе ви откриеме кои трикови ги користат некои од најпознатите бразилски модели, на кој начин тие се грижат за себе, за своето лице, кожа и својата коса.

Алесандра Амбросио

Преубавата Алесандра Амбросио ни го открива својот трик за прекрасни „голи“ усни. Како успева во овој беспрекорен изглед? Таа едноставно го нанесува својот молив за усни во неутрална боја и над него става балсам или безбоен сјај. Толку едноставно, а ефективно. На тој начин бојата на усните и подолго ѝ трае.

Жизел Биндшен

На прашањето како ја негува својата прекрасна коса и како постигнува да изгледа толку совршено, Жизел одговорила дека трикот е во тоа што речиси никогаш не користи четка за коса. Откако ќе нанесе регенератор, само проаѓа со прстите преку косата и ја остава да се исуши по природен пат. Понекогаш одвреме-навреме ја чешла додека се тушира, но никогаш после тоа.

Адријана Лима

Адријана споделува еден совет кој може да ви помогне да го ублажите стресот после напорниот ден и да ја смирите кожата на лицето. Таа препорачува да натопите памук со оладена кокосова вода, по можност органска и потоа нежно да го поминете лицето со него. Таа секогаш кога оди во Бразил наоѓа време да си ја надополни нејзината залиха на кокосова вода, а овој трик го применува секогаш после напорниот ден со цел да се чувствува порелаксирано.

Лаис Рибеиро

Лаис секогаш има прекрасна и сјајна кожа. Таа објаснува дека тајната е во тоа што со себе секогаш носи марамчиња за бришење шминка, па веднаш по завршувањето на снимањето таа ја отстранува целата шминка. Со оглед на тоа дека лицето често ѝ е покриено со многу шминка, за нејзината кожа да дише и да биде здрава, таа се труди редовно да се придржува до овие правила.

Изабел Гулар

Изабел ни открива на кој начин успева да ја одржува својата кожа доволно хидрирана, дури и после долгите летови со авион од по 12 часа. Таа тврди дека нејзината кожа е убава и хидрирана поради користењето масло за лице, од кој било бренд. Па, доколку имате проблеми со дехидрирана кожа, пробајте тоа да го решите со користење масло.

Синтија Дикер

Сигурно ќе се согласите дека Синтија со својата виткана коса, пеги по лицето и порцеланска кожа не е типична Бразилка, но тоа не треба да ве лаже. Таа вели дека својата убавина ја одржува на тој начин што секој ден пие зелен коктел од: краставица, спанаќ, лимон, јаболка и ѓумбир. Синтија тврди дека токму овој ритуал којшто го практикува повеќе години, е одговорен за нејзината убавина.

Би пробале ли и вие некој од овие совети?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар