Божици меѓу чаршафите: 4 лекции за добри љубовници

Божици меѓу чаршафите: 4 лекции за добри љубовници

Нема потреба да се претворите во порно ѕвезда со цел да го задоволите вашиот партнер и добро да си поминете во кревет. Вие треба само да ги следите следниве неколку основни насоки, со цел јасно да му покажете на вашиот партнер колку сте талентирани помеѓу чаршафите.

Божици меѓу чаршафите: 4 лекции за добри љубовници

1. Бидете отворени за нови искуства

Не велиме да се откажете од оние нешта кои сигурно ве водат кон задоволство, туку да воведете малку промени и експерименти со цел да откриете сосема нови страни од вас. Едноставно бидете отворени за истражување и игри во креветот, а со тоа и овозможете му на вашиот партнер искуство кое нема никогаш да го заборави.

2. Оралниот секс е секогаш пожелен

Овозможете му орално задоволство и кога тој не го бара тоа од вас. Тоа можете да го направите преку предиграта или како начин да го доведете до оргазам, па токму затоа и не се воздржувајте. Користете го јазикот и не се грижете за тоа колку сте добри – неговите реакции и движења ќе ви покажат точно што треба да правите и со кое темпо.

3. Користете ги рацете

Мажите се често премногу чувствителни кога станува збор за нежно галење, но во масажа и рачна стимулација на пенисот и тестисите, тие неизмерно уживаат. Повторно набљудувајте ги неговите реакции со цел да знаете колку цврсто треба да го држите и колку брзо да се движите со вашите раце. Сепак доколку не сте сигурни, побарајте конкретни упатства од него.

4. Менувајте пози

Вие можете да го оживеете вашиот сексуален живот така што ќе внесете нови пози или различни игри кои не ги практикувате често. Задоволството се зголемува и доколку вклучите места кои не се вообичаени за вашите сексуални активности. Едноставно излезете од вашата спална соба и обидете се со секс на подот или на столица, а новите пози ќе си дојдат сами по себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар