Божествен десерт готов за 10 минути: Банана чизкејк во чаша кој ќе ви ја заслади душата

Дали сте расположени за нешто благо? Овој десерт се подготвува многу брзо и едноставно, а има извонреден вкус. По само 10 минути подготовка ќе можете да уживате во ова слатко задоволство. Изненадете ги вашите најблиски со банана чизкејк во чаша кој несомнено ќе стане вашиот омилен десерт.

Божествен десерт готов за 10 минути: Банана чизкејк во чаша кој ќе ви ја заслади душата

Потребни состојки:
  • 340 грама свежо сирење
  • 1 банана
  • 120 милилитри млеко
  • екстракт од ванила
  • 235 милилитри јаворов сируп
Начин на подготовка:

Во блендер измешајте ги сите состојки додека не добиете густа смеса како пудинг. Сервирајте ја смесата во чашки и уживајте!

Совет: Ако сакате да добиете погуста смеса, додадете кокосово брашно, а смесата можете и да ја оставите 30 минути во фрижидер за да се излади и зацврсти.

Доколку ви се допадна овој десерт, погледнете го и следниов лесен рецепт за чизкејк во чаша.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар