Болки во грбот: 20 совети кои ќе направат болката да исчезне - Part 2

Болки во грбот: 20 совети кои ќе направат болката да исчезне

11. Полека со штиклите

Штиклите изгледаат прекрасно на ногата, но влијаат на центарот за гравитација и го истегнуваат грбот. Исто така прават болни меурчиња и ги деформираат прстите. Ако веќе морате да ги носите, тогаш намалете ја нивната висина, а ако морате да носите високи, тогаш не ги носите цел ден. Земете пар рамни чевли во чантата и носете ги кога можете за да ги одморите нозете.

2-Bolki-vo-grbot-20-soveti-koi-ke-napravat-bolkata-da-iscezne-kafepauza.mk

12. Ослободете се и од тесните фармерки

Освен лошите ефекти на нервите околу долниот тел од грбот и делот на слабините, тесната облека ги попречува движењата како: седење, виткање и одење, што ги зголемува болките во грбот.

13. Откажете се од пушењето

Пушачите имаат поголеми шанси да искусат со проблеми со грбот, бидејќи никотинот ја намалува количината на крв која тече до ‘рбетот.

14. Наспијте се

Спиењето на грб е најдобрата позиција за да избегнете болки. Ако сакате да спиете на страна, ставете перница меѓу колената, за да ги одморите мускулите.

15. Забавете

Многу од болките во телото не се само од физички повреди. Некогаш се случуваат бидејќи се движиме брзо и се напрегаме премногу. Во ваков случај одморете се, грбот (и останатиот дел од телото) ќе ви бидат благодарни.

5-Bolki-vo-grbot-20-soveti-koi-ke-napravat-bolkata-da-iscezne-kafepauza.mk

ПРИ БОЛКИ ВО ГРБОТ:

16. Не лежете

Најчеста реакција при болки во грбот е да легнете и да се одморите додека болката се намали. Експертите, од друга страна веруваат дека повеќе треба умерено да се движите и да правите нежни истегнувања.

17. Нанесете облоги од мраз и топлина

Мразот и топлината се одличен начин да се справите со болките. Докторите препорачуваат ладна терапија во првите 48 часа, особено ако има отоци, а потоа префрлете се на топли облоги.

18. Нежно истегнувајте се

Тегнењето на меките ткива во рамениците и вашиот грб можат да ви помогнат да се справите со болките во грбот. Но важно е да посетите специјалист кој ќе ви каже какви истегнувања треба да правите. Инаку, би можеле уште повеќе да се повредите.

19. Земете лекови

Додека некои болки можат да поминат само со лежење и нанесување на топли/ладни облоги, некои можат да бидат толку големи што ќе ви биде потребна помош. Кога користите лекови кои се без рецепта, следете ги упатствата. Ако забележите дека секојдневно земате апчиња за болки во грбот, тогаш веднаш посетете лекар. Можеби се потребни поинакви третмани и методи.

20. Посетете доктор

Иако полесните повреди можат да поминат и без посета на лекар, постојат моменти кога морате да посетите специјалист или доктор за да се справите со ваквите проблеми. Ако забележите дека болката не се намалува после одмор и лекови и чувствувате трпнење, слабост или температура, ова можат да бидат симптоми на посериозни проблеми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар