Болки во грбот: 20 совети кои ќе направат болката да исчезне

Болки во грбот: 20 совети кои ќе направат болката да исчезне

Кога станува збор за болки во грбот бројките и не се баш добри за жените. 4 од 5 жени страдаат од големи болки во грбот и поради тоа мораат да одат на лекар. Тоа значи дека ако сте жена, постојат 80% шанси да бидете жртва на повреди на грбот. Користете ги овие 20 совети за да ги спречите ваквите непријатни маки во иднина.

0-Bolki-vo-grbot-20-soveti-koi-ke-napravat-bolkata-da-iscezne-kafepauza.mk

1. Бидете умерени

Премногу седење, стоење, одење, па дури и лежење е лошо за грбот. Решението е да бидете умерени. Одморете се одвреме-навреме од која било активност. Пример, станете откако сте седеле веќе еден час и прошетајте се малку, или стојте додека телефонирате. Ако цело време сте на нозе, седнете и потпрете ги нозете неколку минути.

2. Исправете се

Внимавајте на држењето, особено ако стоите долго време. Едното стапало нека ви биде малку понапред од другото и колениците потсвиткани. Ова го намалува притисокот во долниот дел од грбот.

3. Седете правилно

Неправилното седење може да направи големи проблеми со грбот. Седете исправено и држете ги рамно нозете на земјата. И повремено одмарајте.

1.1-Bolki-vo-grbot-20-soveti-koi-ke-napravat-bolkata-da-iscezne-kafepauza.mk

4. Намалете го товарот на рамениците

Многу жени влечкаат премногу работи во нивните чанти: лаптоп, таблет, неколку мобилни телефони, планер, цел козметички несесер и прибор за лична хигиена. Многу од овие работи и не ни се толку потребни. Можеби не сте забележале, но чантата може да тежи и до 5 килограми. А носењето тежок товар на рамениците создава ризик од големи болки во горниот дел од грбот. Затоа олеснете си ја чантата, а со тоа и животот.

5. Носете ранец

Ако не можете да ги намалите предметите во чантата, тогаш ранецот ви е најдобра солуција. Тежината е правилно распоредена на двете раменици и се префрла на горниот дел од грбот каде што мускулите се посилни од оние на рамениците. Ако не сакате ранци, тогаш чанта со дијагонална лента е одлична алтернатива.

6. Внимавајте на тежината

Повеќе килограми, особено во пределот на струкот, може да предизвика болки така што ќе го истегне задниот дел од грбот и ќе го помести вашиот центар на гравитација. Внимавајте на тежината за да можете да ги контролирате болките во грбот.

7. Вежбајте

Вежбањето е една од најдобрите превентивни мерки кога станува збор за болките во грбот. Тоа ги одржува задните мускули во добра форма и спречува повреди од едноставни движења како туркање или дигање. Исто така, на овој начин и ја контролирате тежината.

3-Bolki-vo-grbot-20-soveti-koi-ke-napravat-bolkata-da-iscezne-kafepauza.mk

8. Зајакнете го трупот

Бенефициите од затегнувањето на трупот се огромни бидејќи тој ги поддржува другите мускулни групи и го намалува напрегањето на задниот дел од грбот.

9. Бидете флексибилни

Премногу затегнување и напор во грбот создава болка, така што е важно грбот да остане флексибилен и да се става еднаков товар на сите негови делови.

10. Дофаќајте, кревајте и преместувајте соодветно

Достигнувањето, дигањето и преместувањето на тешки предмети без правилно држење можат да го повредат грбот. Ако морате да достигнете некој предмет, користете столче или скала наместо истегнување. Кога преместувате тешки предмети, туркајте наместо да влечете. Ако морате да носите предмети, тогаш држете ги блиску до телото, свиткајте ги колениците и застанете во позиција за чучњеви наместо да се виткате во половината пред да ги спуштите на земја.

4-Bolki-vo-grbot-20-soveti-koi-ke-napravat-bolkata-da-iscezne-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар