Боли

Автор: Al_ex_an_dra
(поднесено преку „Предложи содржина“)
БолиБоли кога од мене без збор си заминуваш,
боли кога срцето крваво в дланка ми го враќаш.
Боли…
Јас срце ти давам твое да биде,
боли… но, не сфаќаш!
Боли кога ќе поминеш покрај мене
и ме оставаш без здив,
боли кога си студен и не си повеќе Ти…
Боли кога ми даваш лажна надеж,
боли зашто подоцна знам, се каеш.
Боли додека од очи солзи лијат,
боли, тие три години љубовна рана кријат.
Боли, зашто се повредувам самата себе,
боли, но не толку колку што сум повредена од Тебе!
Боли, зашто не верувам во СРЕЌЕН КРАЈ
боли… боли до очај!
Боли кога ги спомнуваш годините,
боли кога ми ги набројуваш причините.
Боли, и се научив да живеам со оваа рана,
боли зашто во оваа љубов јас останав сама.
Денес боли…
Но, утре далеку ќе бидам јас
ќе си спомнеш за мојата љубов,
ќе ти недостига мојот глас…
тогаш ќе знаеш колку Боли…
и колку сум те сакала!

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар