Болести кои може да ги предизвика долгото седење

Болести кои може да ги предизвика долгото седење

Дали сте знаеле дека долготрајното седење носи дополнителен ризик од одредени болести и дека тој проблем не може да се реши со вежбање? Истражувањата покажале дека ризикот од болести со шеќерот и заболување на срцето расте за 1/4 со секој час поминат на столица, без разлика дали сте физички активни или не. Експертите велат дека е многу важно по 45 минути седење да направите барем 5-минутна пауза со цел да го спречите лошото влијание врз вашето тело.

Болести кои може да ги предизвика долгото седење

Рак

Седењето може да биде причинител на неколку видови рак. Според една теорија, неактивните клетки можат да се зголемат вон контрола и на крај да резултираат со појава на карцином.

Болести на срцето

Оваа болест се развива со децении. Луѓето кои поминуваат многу време во седечка позиција имаат дупло поголема опасност за развивање срцеви заболувања.

Нарушување на работата на панкреасот

Седењето им оневозможува на мускулите ефективно да комуницираат со панкреасот, а со тоа се губи и контролата на нивото на гликоза. Во овие ситуации се лачи многу повеќе гликоза отколку што е потребно и токму тоа може да доведе до дијабетес.

Насобирање сало околу стомакот

Седењето е совршен начин да соберете маснотии околу вашиот стомак. И покрај тоа што ова не е здраво, тоа и не изгледа убаво на вашето тело.

Слаба циркулација

Слабата циркулација доведува до појава на тромбоза, што може да резултира со згрутчување на крвта која може да се прошири и до другите делови на телото.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар