Блуз и три коцки мраз

Автор: Ана
(поднесено преку „Предложи содржина“)

Кој би рекол дека таа умее така прекрасно да танцува? Старото радивце беше вклучено и насекаде низ станот се разлеваа звуци на блуз… Како тој да ги пиеше нејзините грациозни движења со своите жедни очи, желни за уште и уште. Ја гледаше неуморно додека цигарата му гореше меѓу прстите, а вискито стоеше на масата. Таа се насмевна заводливо и во меѓувреме ја виде желбата во неговите очи и реши…Блуз и три коцки мраз.

„Ќе танцувам цела вечер, сè додека тој сака, сè додека тој не ме замоли да престанам. А потоа ќе се препуштам на ноќта, ќе ù дозволам таа да се погрижи за останатото…“

Како да стана неподносливо жешко во премалиот стан, што од нескротливата желба, а што од страста што гореше секаде околу нив. Тој со брзо и отсечно движење посегна кон масата и си стави три коцки мраз во вискито. Испи две-три голтки и повторно ја врати чашата на старото место. Таа бавно се приближуваше кон него, а потта се слеваше насекаде по нејзиното тело. Очите ù беа како дијаманти кои сјаеја непрестајно во бескрајната ноќ…

Се гледаше дека и обајцата гореа од желба да бидат заедно, да се спојат во едно и никогаш да не се разделат. Нивните погледи го покажуваа тоа, а и говорот на нивните тела. Сè уште се слушаше стариот блуз од радивцето, но девојката престана да танцува. Ја подотвори устата со цел да изусти нешто, нешто што одамна требаше да биде кажано, а остана скриено, како тајна во нивните срца што чукаа едно за друго.
.

„Ах, драга моја, нема потреба од зборови. Ти си тука, а јас сум до тебе. Зар можеме да посакаме нешто друго?!“ – ù се обрати тој нежно покривајќи ù ги усните со неговата рака.

„Не, остави ме да го кажам она што одамна го чувам недокажано… Знаеш ли колку долго ја чекав оваа ноќ кога повторно ќе бидеме заедно, колку ноќи го сонував истиот сон… Загаснати светла, твојот стан и тивки звуци на блуз. Ти, потпрен на старата фотелја, виски во раката, а во него – три коцки мраз.

Потоа доаѓам јас и танцувам, танцувам сè додека не паднам на нозеве од умор и сè додека зората не ме разбуди. И иако можеби не те познавам толку долго време и имам поминато само една ноќ со тебе (можеби безвредна за другите, но проклето вредна за мене), јас сепак мечтаев за уште една таква ноќ кога повторно ќе ти се предадам не размислувајќи… зошто и како.“

Во моментот кога и последните зборови излетаа од нејзината уста, тој почна страсно да ја бакнува, насекаде и без престан. Не можеше да се воздржи, тој толку многу ја посакуваше, а и таа него… А и мислата дека можеби веќе никогаш нема да ја види и да го почувствува оној мирис на ванила на нејзината кожа, го тераше сè повеќе да се препушти на моментот и да ужива во него… Зашто истиот можеше да му е последен.

Се зазори, веќе стана утро. Тој само што се разбуди, а таа не беше веќе крај него. Другата страна на креветот беше празна. Тој како да се насмевна, можеби со надеж дека повторно ќе ја сретне „неговата газела на ноќта“, која како да ја имаше моќта да ги направи и најневозможните работи – возможни… Мирисот на кафе и свежо лиснато тесто допираа до него од кујната. Кафето беше сè уште топло… Изгледа таа си заминала пред малку, но не сакала да го разбуди. Имаше и порака на масата.
.

„Ти направив кафе и ти купив лиснато тесто, пред да заминам… Шприцнав и неколку капки од мојот омилен парфем од ванила во твојата соба, со надеж дека ќе се задржи што подолго и ќе те потсетува на мене… Ти благодарам на прекрасната ноќ за која имам преголема желба да се повтори, а и ти го знаеш тоа… А, ако веќе никогаш не се вратам, сепак, чувај ја оваа порака и секогаш кога ќе ти недостасувам – посегни по неа и ќе ме најдеш мене во неа.

Сè најдобро, твојата ноќна газела.“

Tој само воздивна и промрморе…

„Ах, драга, да знаеш дека ќе те чекам, вечно ќе те чекам да се вратиш… и да останеш со мене.“

И така, ноќта си замина, трите коцки мраз беа одамна стопени, а вискито испиено. Звуците на блузот повеќе не допираа до него, тие како да беа изгубени во ноќта која пребргу си замина и ја однесе грациозната танчерка со неа… Сега, кога веќе не постоеше ништо како остаток од таа прекрасна вечер, остана нивната љубов, да живее засекогаш.

А, таа никогаш не се врати. Само остана да живее во неговото срце, како бескраен спомен кој никогаш нема да се избрише…

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. moonchild Reply

    Добар наслов – катастрофален текст.

    • Butterfly Reply

      potpolno se soglasuvam

  2. fire Reply

    Mene mi se dopadna. Ako nekoj ne go deli ova mislenje so mene, togas daj da vidime i parce od nekoj vas tekst… moze ke bide podobar, moze i nema 😀

  3. Ana Reply

    Ви благодарам на сите на коментарите, дури и се зачудив дека олку брзо ми го објавија текстот. Можеби не е доволно добар, но за моиве ете скоро 15 години што ги имам, толку можам. 😉

  4. MARKO Reply

    ti li si gazelceto?

  5. Butterfly Reply

    ana eden mal sovet, ne deka jas neshto sum iskusna ama, nikogash ne se izvinuvaj ili pravdaj pred kriticharite, sekogash ke gi ima bez razlika kolku si dobra ili ne. raduvaj im se na pofalbite i uchi od kritikite :)

  6. Tanja Reply

    Mene mi se dopadna mnogu :) I se soglasuvam so gorniot komentar na ‘fire’ , koga znaete tolku da kritikuvate,bi mozele da napisete nesto pa i nie da procitame 😉 Super e, Ana :)

  7. ganimet Reply

    Ne deka tekstot e kojznaj kolku losh – dobar e, tuku naslovot mnogu povekje vetuva

  8. Мими Reply

    Имам напишано расказ на истава тема пред 2-3 години, го немам објавено никаде ниту го имам прочитано некому, прилично е експлицитен, а пронајдов неколку слични реченици во текстов. Би сакала да го објавам мојот.

Остави коментар