Блогерки со облини кои ќе ве натераат да ја засакате модата иако имате повеќе килограми

Премногу се навикнавме на Кијара Ферањи, Кристина Базан и сите останати преслаби модни блогерки. Време е за модно освежување со новиот бран „плус сајз“ блогерки кои успеаја да ги скршат бариерите на обичната мода и да покажат дека облините се убави. Во следнава листа ви ги издвојуваме седумте најубави „плус сајз“ блогерки.

1. Габи Грег

Габи Фреш е една од најпознатите модни блогерки со облини. Се има појавено во најпознатите списанија како „Тин Вог“, „Севентин“, „Космо“ и многу други. Нејзиниот Инстаграм профил е еден од најследените во светот. Нејзиниот стил варира од бохо шик до елегантен, но има некоја необична љубов кон костимите за капење.

1-blogerki-so-oblini-koi-ke-ve-nateraat-da-ja-zasakaate-modata-iako-imate-visok-kilogrami-kafepauza.mk 2-blogerki-so-oblini-koi-ke-ve-nateraat-da-ja-zasakaate-modata-iako-imate-visok-kilogrami-kafepauza.mk

2. Николет Масон

Освен што е сопственичка на еден од најпопуларните модни блогови, нејзината популарност се должи и на нејзината напорна работа во списанието „Мери Клер“. Нејзините бројни соработки со „Вог Италија“, „Refinery 29“ и „StyleCaster“ ја пробија на модната сцена. На Инстаграм објавува селфи фотки, фотографии од нејзината облека и местата коишто ги посетува. Голем љубител е на минимализам и пастелни бои.

3-blogerki-so-oblini-koi-ke-ve-nateraat-da-ja-zasakaate-modata-iako-imate-visok-kilogrami-kafepauza.mk 4-blogerki-so-oblini-koi-ke-ve-nateraat-da-ja-zasakaate-modata-iako-imate-visok-kilogrami-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар