Бисквит тортичка во шолја

Еве одличен начин како да ја разбиете монотонијата на денот. Тортичката со бисквити ќе ви помогне да ги изненадите најблиските и да се разгалите себеси дозволувајќи си вкусно чоколадно задоволство.Бисквит тортичка во шолјаПотребни состојки:

  • 2-3 лажици искршени бисквити
  • 3 ½ лажици несолен растопен путер
  • 2 лажици шеќер
  • 1 јајце
  • ½ кафена лажичка екстракт од ванила
  • 30 г пченично брашно
  • 2 лажици какао
  • 1/8 лажица прашок за печиво
  • Сосем малку сол
  • 4 лажици ситни парчиња млечна чоколада
  • Шлаг или маршмелоу

Бисквит тортичка во шолјаНачин на подготовка:

Во еден сад  додајте 3 лажици путер и 3 лажици од парчињата млечна чоколада. Оставете да се растопат во микропечка 20-30 секунди. Во шолја додајте го останатиот путер и парчињата бисквити и промешајте добро. Смесата притиснете ја на дното на шолјата.

Јајцата, шеќерот и ванилата изматете ги со миксер додека смесата не стане хомогена. Во иситот сад додајте ги брашното, прашокот за печиво, солта и какаото. Добро мешајте додека не добиете густа смеса. Потоа додајте ја смесата од путер и чоколадо која претходно ја направивте и повторно промешајте. Додајте ги и останатите парчиња чоколадо.Бисквит тортичка во шолјаПоловина од оваа смеса додајте ја во шолјата со парчиња бисквити. Прелијте со шлаг или ставете неколку маршмелоу парчиња и потоа додадете ја останатата смеса. Оставете ја шолјата во микропечка од 1 до 2 минути (во зависност од микропечката). По желба повторно ставете шлаг или маршмелоу, пикнете ја шолјата во микропечка на 10 секунди и на крај наросете издробени бисквити.Бисквит тортичка во шолјаДобар апетит!Бисквит тортичка во шолја Бисквит тортичка во шолја


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар