Бидете во центарот на забавата

Бидете во центарот на забавата

На многумина им е потребно малку охрабрување кога треба да присуствуваат на некоја забава. Кети Бертон, автор на книгата „Уметноста на посетувањето“, споделува неколку совети за тоа како да ја зголемите самодовербата пред да заминете на забавата на која сте поканети. Бидете во центарот на забавата

Донесете подарок

Никогаш не доаѓајте на забавата со празни раце, дури и ако домаќинот ви е роднина. Покажете колку сте широкогради и внимателни така што ќе донесете подарок за домаќинот на забавата. Бидете сигурни дека другите гости ќе ги забележат овие ваши карактеристики. Ако не сте сигурни што да подарите, одлучете се за шише вино или книга со тематика која ќе биде интересна за домаќинот. Меѓу другото, Бертон го предлага и букетот цвеќиња како одличен подарок за домаќинот.

Не одете сами

Ако на поканата не е прецизирано дали гостите може да донесат уште еден член со нив и ако не сакате да одите сами, неколку дена пред забавата прашајте го домаќинот дали може да доведете уште некој со вас. Но, ако се појавите со некој покрај вас без домаќинот да го одобри тоа, може да постигнете спротивен ефект и да се чувствувате непријатно. Бидете во центарот на забавата

Пристигнете навреме

Доцнењето одамна не е модерно. Според Бертон, многу полесно ќе се спријателите со гостите ако пристигнете навреме, отколку ако задоцните и бидете приморани да се туркате во гужвата. Откако ќе се запознаете со дел од гостите на почетокот на забавата, големи се шансите тие да ве побараат токму вас кога местото ќе стане преполно. За да ве најдат полесно, обидете се со следниов трик. Застанете во средина на собата. Ако изгледате дека сте во центар на вниманието, луѓето природно ќе гравитираат кон вас.

Истакнете се

Начинот на кој стоите може да ви помогне лесно да се трансформирате во социјална пеперутка. Едноставно, исправете ја главата, зафрлете ги рамената наназад и не преклопувајте ги рацете. Истакнувањето значи дека сте отворени за комуникација, забележува Бертон. Бидете во центарот на забавата

Скршете го мразот

Сакате да започнете разговор со другите? Пријдете им на другите гости, насмевнете се, претставете се и прашајте од каде тие се познаваат со домаќинот на забавата. Колку и да изгледа клише и досадно, подобро е да разговарате за временска прогноза или спорт, отколку за политика и религија. Бертон советува да не се грижите многу околу темите за разговор затоа што штом еднаш ќе почувствувате дека сте се вклопиле во разговорот, за брзо време ќе ви стане многу поинтересно.

Бидете информирани

Ако тишината е доволно чудна за да ве спречи во обидот да разговарате со непознати, прочитајте дневен весник пред забавата. Ако немате што да кажете, секогаш може да се повикате на најновите случувања кои ќе ви помогнат да го започнете разговорот. Бидете во центарот на забавата

Бидете во центарот на забавата

Ако сакате да бидете во центарот на забавата, не правете ја класичната грешка која подразбира зјапање. Зјапањето само во еден соговорник за време на разговорот ја убива неговата самодоверба, а вам ви го уништува угледот. Ако разговарате со неколкумина, обидете се да воспоставите контакт со очите со секој од нив, но не задржувајте го погледот предолго. Истото важи и за мобилните телефони. Не проверувајте го телефонот премногу често. Овие совети ќе ви помогнат да направите секој гостин да се чувствува како да е единствен на забавата.

Повлечете се со стил

Доколку разговорот или соговорниците не ви одговараат, Бертон препорачува да почекате да настане пауза за време на разговорот. За време на паузата учтиво оправдајте се и повлечете се. Како изговор може да ги искористите дополнувањето на празната чаша или потребата од тоалет. Бидете во центарот на забавата

Понудете помош

Ако слушнете дека на некој од соговорниците му е потребна помош, понудете се да помогнете доколку сте во можност. Гостите ќе ви се восхитуваат кога ќе разберат дека сте се понудиле да помогнете. Помогнете во организирањето на друга забава или едноставно обидете се да вклучите уште еден член во разговорот кој сте го забележале дека седи сам во аголот.

Движете се

Обидете се да ја менувате локацијата на секои 10-15 минути. Нема потреба да одите од едниот до другиот крај на собата. Доволно е да се поместувате на помали растојанија. Запознајте ги вашите пријатели со нови кои се исто така гости на забавата и тие ќе знаат да го ценат тоа. Бидете во центарот на забавата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар