Бидете средени и на високите температури: 7 совети за совршена летна шминка

Бидете средени и на високите температури: 7 совети за совршена летна шминка

Кога е во прашање летната шминка, кремата за сончање ви е единствениот производ кој треба да го нанесувате во дебели слоеви. Сѐ останато треба да биде сведено на минимум, а водечкиот принцип е блескава шминка која ги доловува врелите летни ноќи. Еве што е неопходно да знаете за шминката во текот на летните месеци.

1-bidete-sredeni-i-na-visokite-temperaturi-7-soveti-za-sovrshena-letna-shminka-www.kafepauza.mk_

1. Не заборавајте го пилингот

За вашата кожа секогаш да биде свежа и подготвена за летна шминка, потребно е редовно да правите пилинг на лицето за да се ослободите од непотребните клетки. Без разлика на годишниот одмор и лудите летни забави, во својата козметичка чанта не заборавајте да го ставите и вашиот омилен пилинг кој ќе го нанесувате два пати неделно.

2. Намалете ја количината на шминка

Нема ништо полошо од тоа кога на +30 степени некои жени носат целосна шминка во која доминира тешка и скоро зимска подлога. Во лето вашата омилена пудра треба да ја замените со полесна варијанта. Ако не можете без подлога, изберете лесна течна пудра или ББ крема. Уште подобро, ако можете нанесете само коректор на оние делови од лицето кои сакате да ги прекриете.

3. Прајмерот е вашиот најдобар сојузник

Ако сепак не сакате да се откажете од подлогата, вашиот најдобар летен пријател е прајмерот кој треба да го нанесете пред пудрата. Тој ќе ја подготви вашата кожа за подлогата, а во текот на денот ќе ја задржи нејзината постојаност.

4. Инвестирајте во добра четка

Во текот на летото поголемиот дел од жените користат лесна течна пудра која најдобро се нанесува со четка. Со нејзина помош ќе ја нанесете подлогата еднакво, а притоа нема да претерате со количината. Нанесувањето секогаш е од носот, брадата и средината на челото, па се продолжува кон краевите на лицето.

2-bidete-sredeni-i-na-visokite-temperaturi-7-soveti-za-sovrshena-letna-shminka-www.kafepauza.mk_

5. Мултитаскинг мејкап производи

Мејкап производите кои можете да ги користите на повеќе начини се идеален избор за вашиот летен несесер. На пример, такви се стиковите кои можете да ги користите како кармин, руменило или сенка, сетовите за контурирање кои содржат бронзер и хајлајтер, моливчињата кои служат и за усни и за очи.

6. Никаде без бронзер

Бронзерот е најважниот летен производ кој секоја шминка ја прави блескава и гламурозна. Со негова помош ќе добиете бронзен тен без страв од изгореници и брчки кои се создаваат како последица од изложувањето на сонце.

7. Преминете на водоотпорни производи

Температури над 30 степени, ненадеен летен дожд и капење (ако сепак не можете да одите на плажа без маскара) – за сево ова постои само едно решение, а тоа е водоотпорна шминка. Добрата вест е што поголемиот дел од вашите омилени производи, како што се маскарата и ајлајнерот, постојат и во водоотпорна верзија.

Кога е во прашање беспрекорната летна шминка, погледнете и кои производи треба да престанете да ги користите за време на летото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар