Бидете самоуверени: Облека која ќе ви овозможи да се чувствувате одлично во сопствената кожа

Точно е дека облеката го подобрува нашето расположение и прави да се чувствуваме посамоуверено. Она што го носиме ни дава некоја внатрешна сила. Одлична вест во врска со овие парчиња облека е тоа што тие може да се носат секогаш и секаде, па нема да ја споделат истата судбина со вашата гардероба која е носена само еднаш.

1-bidete-samouvereni-obleka-koja-kje-vi-ovozmozhi-da-se-chuvstvuvate-sjajno-vo-sopstvena-kozha-www.kafepauza.mk_

1. Фустанот со ракави во форма на ѕвоно е модел кој е неопходен за сечиј плакар. Изберете фустан со едноставен крој, кој ќе има исклучителна моќ на прилагодување и совршено ќе се совпаѓа со вашите желби. Модерниот детаљ во вид на ѕвоно е задолжителен дел што може да биде забележен на новите модели на сите познати брендови.

2-bidete-samouvereni-obleka-koja-kje-vi-ovozmozhi-da-se-chuvstvuvate-sjajno-vo-sopstvena-kozha-www.kafepauza.mk_

2. Малиот црн фустан без кој едноставно не можеме, е секогаш добар избор. Изберете фустан со отворени рамена, кои ќе бидат урамени со дискретни карнери. Овој едноставен модел одлично изгледа и фантастично се прилагодува на обликот на телото, а со својот необичен детаљ, интензивно ја нагласува женственоста.

3-bidete-samouvereni-obleka-koja-kje-vi-ovozmozhi-da-se-chuvstvuvate-sjajno-vo-sopstvena-kozha-www.kafepauza.mk_

3. Во потрага сте по елегантни блузи? Ова е одличен предлог. Бохо стилот не престанува да го освојува модниот свет. Изберете блуза во бохо стил, со пократок крој, што е идеална должина за здолниште или панталони со висок струк. Би било уште подобро и доколку има карнери на ракавите. Овој модел ќе ви го направи работниот ден многу попријатен, а вашиот социјален живот побогат. Поволно влијае и врз самодовербата, бидејќи овозможува фантастично чувство во сопствена кожа.

4-bidete-samouvereni-obleka-koja-kje-vi-ovozmozhi-da-se-chuvstvuvate-sjajno-vo-sopstvena-kozha-www.kafepauza.mk_

4. Блузата со ракави во форма на ѕвоно е одлично парче облека како за дневните, така и за вечерните настани. Детаљот во пределот на деколтето ќе ви даде модерна нота и ќе ви овозможи одлично комбинирање со фармерки, како и со сите останати парчиња облека.

5-bidete-samouvereni-obleka-koja-kje-vi-ovozmozhi-da-se-chuvstvuvate-sjajno-vo-sopstvena-kozha-www.kafepauza.mk_

5. Сакате ретро стил? Овој вид блузи е одличен предлог за вас! Елегантна блуза во ретро стил е парче облека што ќе ги привлече сите погледи во вашата околина. Акцентот на рамената ќе даде посебна нота на вашиот целокупен изглед. Панделката која нежно паѓа зад грбот ќе ги воодушеви оние кои ќе стојат зад вас.

6-bidete-samouvereni-obleka-koja-kje-vi-ovozmozhi-da-se-chuvstvuvate-sjajno-vo-sopstvena-kozha-www.kafepauza.mk_

6. Кошулата со елегантен крој од најфин сатен е парче облека кое засекогаш ќе го збогати вашиот гардеробер. Прекрасната ткаенина дава исклучително чувство на леснотија и многу поволно делува на расположението, како и врз самодовербата. Изберете едноставен крој со дискретни детали во вид на руска јака и високи манжетни кои даваат софистицирана нота на целокупниот изглед. Одлично се вклопува со сите парчиња облека.

8-bidete-samouvereni-obleka-koja-kje-vi-ovozmozhi-da-se-chuvstvuvate-sjajno-vo-sopstvena-kozha-www.kafepauza.mk_

Во одредени ситуации на сите ни е потребна самодоверба, а како што кажавме облеката може да ни обезбеди одредена количина. Па, погледнете ги овие модни комбинации за поголема самодоверба на интервју за работа.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар