Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица

Наместо типичните розово црвени маникири со многу срца и стрели кои носат љубов, оваа година направете мала промена и фокусирајте се на забавни нокти за Денот на вљубените. Ако сте љубители на пица, тогаш изненадете го вашиот партнер со овој креативен и уникатен маникир кој без сомнение ќе го освежи вашиот изглед. Убав помин!

(1) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица

1. Најпрво поминете ги вашите нокти со основа, со цел лакот да ви трае подолго, а потоа над неа ставете го првиот слој со сина боја.

2. Со помош на тенка четка, на вашите средни прсти нацртајте 2 триаголника кои се допираат, додека пак на палецот и малиот прст, по 1. Користете темно жолта боја која ќе биде основата на пицата.

(2) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица

3. За следниот чекор ви е потребна мала алатка наменета за правење кругови и светло жолта боја, со цел да нацртате кашкавал кој се топи од парчињата пица. Потоа, свртете ја истата алатка од другата страна која е поголема и потопете ја во црн лак со цел да ја зацврстите основата на парчињата, во горниот дел.

4. Користејќи го истиот темен лак, со тенка четка исцртајте ја надворешноста на пиците.

(3) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица

5. Во зависност од видот пица која ќе ја одберете, комбинирајте ги и другите бои за да ги добиете состојките кои сакате таа да ги содржи. Во овој случај, се користи црвен лак бидејќи станува збор за пица со чајна.

6. Нацртајте две мали крукчиња на надворешната страна од парчињата пица и потоа спојте ги со латинската буква „V“. Исполнете ја внатрешноста со цел да добиете срце. Повторете ја истата техника за да создадете срца и на показалецот и домалиот прст.

(4) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица

7. Завршете ги деталите со бледо кафеава боја за кората на пицата со помош на тенка алатка.

8. Дозволете ѝ на вашата уметност да се исуши и ставете проѕирен лак за да ви трае маникирот подолго.

(5) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица(6) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар