Бидете девојка со која ќе се гордеете!

Бидете девојка со која ќе се гордеете!

Бидете девојка која ќе си доделува комплименти секогаш кога ќе поминува покрај огледалото, наместо да изнаоѓа милион причини за да се критикува. Девојка која наместо омраза, во нејзиниот глас ќе има љубов и која ќе ја знае својата внатрешна вредност. Бидете силна и независна девојка, иако внатре во себе сте скршени на илјадници парчиња. Девојка која знае дека покрај сета болка, од другата страна постои среќа. Бидете таква девојка која никогаш нема да се откаже ниту од себе, ниту од животот.

Бидете девојка со која ќе се гордеете самите

Бидете девојка која ќе ги охрабрува нејзините пријатели, која се смее и ќе се радува на среќата на другите, која секогаш е спремна да понуди помош, наместо да ги осудува оние околу неа. Бидете девојка на која не ѝ е потребно момче за да биде комплетно среќна, која цени кога некој посебен ќе влезе во нејзиниот живот и ќе му даде сѐ што може да понуди, но нема да се изгуби самата себе, што ќе го сака тоа момче со сето свое срце, но сепак ќе остави љубов и за себе. Бидете таква девојка која се чувствува удобно во своето тело и која го обожава. На која не ѝ пречи да се погледне во огледалото во каква било облека, бидејќи го сака секој дел од своето тело исполнето со убавина.

Бидете девојка која има големи соништа, која дава сѐ од себе за нејзината работа, но исто така знае како да се опушти за време на викендите и не ги носи грижите од работата и стресот дома со себе. Бидете девојка која се смее гласно, која наоѓа забава во сѐ, дури и во нејзините најдлабоки стравови. Девојка која не се грижи дали некој е свртен кон нејзиниот пат, затоа што таа има време само за нејзиниот живот. Бидете девојка која ќе избере да дејствува, наместо да се жали. Која нема да губи време мислејќи на проблемите, туку ќе се обиде да пронајде решенија. Која ќе сфати дека нејзиниот живот е вреден за живеење, дури и кога сѐ се чини невозможно.

Бидете таква девојка која ќе одржува контакт со семејството и со пријателите, девојка која ќе дава искрено мислење, дури и кога тоа боли. Девојка која нема да дозволи да биде прегазувана од другите, таква која може да биде најдобра во светот или најголема казна што другите ќе ја сретнат, во зависност од тоа како ќе се однесуваат кон неа. Бидете девојка која ќе дава комплименти, ќе им се насмевнува на непознатите и која ќе го сака животот. Бидете девојка со која ќе се гордеете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар