Беж фустан: 3 секси начини дa го извлечете максимумот

Беж фустан: 3 секси начини дa го извлечете максимумот

Фустаните во бежови нијанси се можеби и најпопуларното парче облека кое секоја девојка го има. Во текот на последниве 10 години, бежовите фустани преминаа од тренд во класика и го задржаа своето место во женските плакари насекаде во светот. Но, иако се веќе класика, сепак тие може да претставуваат предизвик кога станува збор за нивно комбинирање.

1-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk_

1. Одберете ја соодветната боја

Можеби најважното нешто кај бежовите фустани е погодувањето на точната нијанса која ќе соодветствува на бојата на вашата кожа.

Постојат 3 категории за бојата на кожата на луѓето: светла, темна и неутрална.

За да одредите во која категорија спаѓате, погледнете ги вените на внатрешната страна на раката, поточно оние кај зглобот. Ако вените изгледаат сино или виолетово, вие имате светла кожа. Кај оние со потемна нијанса, вените изгледаат зеленикаво, а кај неутралните потешко се одредува дали се сини или зеленикави.

Ако со ваквиот тест сѐ уште не можете да ја одредите бојата на кожата, консултирајте се со мејкап артист, кој дефинитивно го има одговорот на ова прашање.

Тие со светол тен изгледаат одлично во бледо син фустан со розово-бежова основа. Оние пак со потемен тен треба да се насочат кон пожолтеникави нијанси. А пак за оние среќнички со неутрален тен изборот е огромен.

Кога не сте сигурни дали фустанот ви прилега, пробајте го. Нема друг начин да проверите дали ви одговара бојата освен ако не го пробате.

2-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk3-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk_7-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk

2. Задржете малку мистерија

Ако сакате успешно да го носите ваквиот фустан треба точно да знаете кога да откриете, а кога да оставите малку на фантазијата.

По дефиниција, голиот (nude) фустан дава илузија дека сте голи. Сфатете го ова како предлог дека голотијата сама по себе е стилски детаљ, без разлика што сметате дека е соодветно деколтето, кратката должина на фустанот или отворениот грб.

Дури иако истиот фустан со истите елементи изгледа одлично во друга боја, голиот фустан наместо убаво може да изгледа многу кичесто. За да изгледате елегантно и софистицирано одберете фустан кој малку ја открива кожата. Ако има деколте, тогаш должината на фустанот нека биде под колениците. Ако е краток во должина нека биде покриен во горниот дел. Клучот е во балансот помеѓу елеганцијата и кичот.

6-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk5-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk1-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk

3. Користете аксесоари за стилски да ја оживеете комбинацијата

Модните ентузијасти често инспирацијата ја наоѓаат во боите и шарите на облеката. Иако е примамливо да се држите до лесни додатоци кога носите бежови фустани, всушност имате многу поголем избор кој воопшто не ве ограничува. Ваквиот фустан е како празно платно кое чека да биде украсено со додатоци.

За женствен изглед едноставниот накит изгледа одлично. Но, тој и не е единствената опција. Ако носите беж фустан со женствени детали како набори или карнери одберете повпечатлив накит во црна боја, со кожни или метални акценти. Можеби токму тоа ви е потребно за да преминете од слатка девојка во секси заводница.

Спојот на гол фустан со накит во јаки бои како црвена (видено на ревиите од Валентино) е одличен начин да се истакнете и на класиката да ѝ додадете модерна еклектика.

И бежовите нијанси исто така изгледаат одлично кога е во комплементарна боја со таа на фустанот така што се создава суптилен монохроматски колор-блок ефект.

8-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар