Без разлика колку се сакате, овие 5 работи имаат моќ да ја уништат и најсилната љубов

Навидум совршената љубовна врска не е секогаш таква како што изгледа. Сигурно сте биле сведок на тоа како врската се распаднала, дури и кога парот неизмерно се сакал. Се верува дека, ако двајцата навистина сакаат да останат заедно, тие ќе бидат среќни до крајот на нивниот живот. Но, тоа не е случај во вистинскиот живот. Во продолжение следуваат 5 знаци што укажуваат дека вашата врска може да се распадне без разлика колку е силна вашата љубов.

1-bez-razlika-kolku-se-sakate-ovie-pet-raboti-kje-ja-ubijat-i-najjakata-ljubov-www.kafepauza.mk_

1. Постојани караници

Не е нормално никогаш да не се расправате и во сѐ да се сложувате. Не само дека се неизбежни, туку караниците се и посакувани и важни за развојот на вашата врска. Но, ако недоразбирањата се секојдневни, тоа би можело да биде знак дека сериозно треба да размислите дали партнерот со кој сте во врска е вистинскиот за вас. Тенка е границата помеѓу љубовната магија и нешто многу поштетно – остриот коментар може да предизвика безброј навреди, што пак може да биде чекор поблизу до физички напад. Размислувајте вака: Што ќе биде за неколку години? Каков ќе биде вашиот живот за 5-10 години, кога нетрпеливоста може многу лесно да се зголеми? Секогаш обидувајте се да размислувате рационално за иднината.

2. Љубомората не е љубов

Често може да се слушне дека колку повеќе љубомора има во врската, толку е посилна љубовта. Во реалноста не е така. Љубомората е деструктивна и мора да се држи под контрола. Љубомората не може да донесе ништо добро и таа е показател за нечија помала самодоверба, и нема врска со љубовта.

3. Оддалеченост

Можеби ќе ве разочараме, но ситуацијата во која вашата сакана личност е во друг град или во друга држава (поради работа или факултет), најчесто е многу штетна за врската. Ако не постои визија за иднина или заедничка цел, тогаш врската најверојатно нема да успее. Убаво вели народот „Далеку од очите, далеку од срцето“. Ако сте се нашле во оваа ситуација, тогаш ќе знаете што значи ова. Скајп или Вајбер не можат да ги заменат разговорите во живо.

2-bez-razlika-kolku-se-sakate-ovie-pet-raboti-kje-ja-ubijat-i-najjakata-ljubov-www.kafepauza.mk_

4. Постојано сомневање во сопствените избори

Сите имаме моменти на сомневање во врската, слабости, недостатоци… Но, во здравите врски, времето секогаш помага да се преминат сомневањата и стравовите. Колку подолго сте заедно, толку има помал простор за анксиозноста. Како полека ги откривате вашите предности и особините кои вашиот партнер ги има, така вашиот однос ќе се насочува кон задоволство, а не кон паника. Ако чувствувате константно сомневање, тоа би можело да биде сигнал дека нешто недостига во вашата врска, или конкретно нешто ви недостига вам. Можеби вашето минато не ви дозволува да тргнете напред. Или ве плаши нешто во врската. Во секој случај, не би требало да ги игнорирате тие чувства.

5. Цели кои не се поклопуваат

„Спротивностите се привлекуваат“ – сигурно милион пати сте ја слушнале оваа изрека. Но, животот често го докажува спротивното. Вашата врска можеби била совршена додека двајцата сте биле на студирање на истиот факултет, но кога сте започнале различни кариери, сте почнале да минувате сѐ помалку време заедно. И со тек на време целосно ќе се оддалечите. Секако, невозможно е да пронајдете некого со кого вашите приоритети ќе се совпаднат целосно. Но, ако вашите цели и планови воопшто не се поклопуваат, тогаш тешко дека имате нешто заедничко.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар